9.9 C
Shtip
spot_img

Премиерот најави нова инвестиција во ТИРЗ – Штип, деталите веќе договорени

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:

„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“

━ повеќе содржини

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години...

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...
spot_img