9.3 C
Shtip
spot_img

Првиот уписен рок на УГД Штип ќе трае од 19 до 21 август

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип започнува идната недела, и ќе трае три дена, на 19, 20 и 21 август, најави на денешната прес-конференција ректорот на УГД, Дејан Мираковски.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, конечните решенија за прием на 31 август, а запишувањето на примените кандидати ќе се одвива на 1, 2 и 3 септември.

​-Системот за електронско пријавување е веќе отворен и активен. Имаме над 1560 пријави или некаде околу 28 отсто повеќе пријавени кандидати од истиот период лани. Кандидатите може да ги поднесуваат пријавите електронски, може и директно да ги донесат документите. Наши тимови се веќе подготвени и присутни на работните места и ќе ги сервисираат сите потреби како и досега за пријавување на студентите за упис. Документите ќе се примаат не само во Штип, туку и во Струмица – вели Мираковски.

Тој истакна дека на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип има 1.692 места во државна квота, 972 места се за студенти со кофинансирање и 735 места за вонредни студенти. Мираковски посочи и дека од електронското пријавување досега најголем интерес се забележува на Факултетот за медицински науки, потоа Факултетот за информатика, Економски, Правен, а интерес има и за техничките факултети.

​-Би сакал дополнително да додадам дека и оваа година, како и другите години, за најдобро рангираните кандидати што се пријавуваат во првиот уписен рок ќе имаме ослободување од партиципација, за кандидатите што имаат повеќе од 80 поени, и тоа на 20 студенти на Медицинскиот факултет, односно 10 на Општа медицина и по пет на фармација и дентална медицина, на Факултетот за информатика 10, Земјоделски 10, Факултет за природни науки и технички науки 10, Економски факултет 10, Правен факултет 10, Факултет за туризам и бизнис логистика 10, и по пет студенти на Електротехничкиот, Машинскиот, Технолошкиот и Факултетот за образовни науки. Музичката академија исто така по пет, а Ликовната и Филмската по два студенти се ослободуваат од партиципација. И оваа година исто на Филолошкиот факултет, односно групата за македонски јазик, ќе имаме целосно ослободување на студентите кои што ќе се запишат, за да студираат целосно бесплатно сите четири години, како поддршка за изучување на македонскиот јазик – подвелече Мираковски.

​Ректорот на УГД-Штип Мираковски ги покани сите заинтересирани кандидати да ги искористат можностите за студирање и кариерен развој што ги нуди УГД-Штип и како што рече „да се информираат навремено не само за овој, туку и за другите рокови за пријавување“.

-Ние остануваме посветени на квалитетно образование, транспарентност и поддршка на младите таленти. Универзитетот „Гоце Делчев“ станува атрактивен веќе подолг период за студенти од повеќе земји, посебно за земјите од опкружувањето. Имаме пријавено студенти од Србија, од Грција, од Бугарија. Посебно од Србија има интерес во одредени сфери-рече Мираковски.

Тој при тоа истакна дека најголем дел од пријавените странски студенти се од Република Турција, а има и од земјите од ЕУ, бидејќи, вели, студиските програми кои се на англиски јазик се атрактивни за странските студенти.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img