Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип
Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија.
Добитникот сподели со нас дека често ја предизвикува среќата со инстант лотаријата на Државна лотарија. Инстант лоз „Доме сладок доме“ кој претходно му донел добивка од 100 денари, тој го заменил за нов, а тогаш го дочекало убаво изненадување – стан во Скопје.
Неговата порака е дека секогаш треба да се верува во среќата, додавајќи дека се надева на нови добивки.
Добитниот инстант лоз е купен од продажното место „Вип тобако“ во Штип.







