Одбојкарскиот клуб Штип УГД во среда (19/11) на домашен терен ќе го одигра возвратниот меч од Челинџ Купот против претставникот од Осло – Кол Ил.
Во првиот меч, во Осло, после голема борба и меч кој траеше речиси 2 часа, штипскиот претставник загуби со 3:1.
Во среда, натпреварот се игра во Радовиш, во спортската сала “25-ти мај” со почеток од 19:00 часот. Влезот за мечот е бесплатен, а од таборот на домаќините повикуваат на масовност на трибините и максимална поддршка за штипските миленици кои ќе дадат се од себе да го победат Кол Ил и да се пласираат во следната рунда од ова европско натпреварување.

Инаку, за напомена е дека ОК Штип УГД годинава за прв пат во својата историја настапува во едно европско натпреварување, па така овој меч претствува испишување на клубска историја.







