9.3 C
Shtip
spot_img

Од патарини инкасирани над 30 МИЛИОНИ ЕВРА за половина година

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5077 македонски тагови и 8500 српски тагови.

ЈПДП бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78.000.000денари. Што се однесува до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините – изјави за МИА Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Наплатата е 99,6 проценти, што, потенцира Трајановски, значи се намалува и процентот на таканаречените „неплаќачи“.

Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на ЈПДП. Целта е лесна достапност на уредите за електронска напката со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со таг, што се покажа како начин успешен начин на наплата согласно Договорот Open Balkan.

Според Трајановски, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните – вели Трајановски.

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...
spot_img