19.8 C
Shtip
spot_img

Ова е вистината ако ви се вклучи ова светло (Check Engine) за време на возење

Иако на контролната табла постојат бројни предупредувачки светла, Килмер овојпат посебно го истакнува токму она за батеријата.

Возачите често ги игнорираат светлата на контролната табла, но едно од нив може да укажува на сериозен проблем што бара итна реакција. Според експертите, доколку за време на возење се вклучи светлото за батерија (акумулатор), треба веднаш да застанете и да проверите во што е проблемот – бидејќи не секогаш станува збор само за батеријата!

Јутјуберот и автомобилски експерт Скоти Килмер предупредува дека ова светло често сигнализира дефект на алтернаторот, клучна компонента која го полни акумулаторот и ги напојува електричните системи во возилото. Доколку проблемот е во алтернаторот, продолжувањето на возењето може да доведе до целосно гаснење на автомобилот, оставајќи ве на пат без можност повторно да го стартувате моторот.

Иако има многу светла на контролната табла, Килмер овојпат посебно го нагласува токму она за батеријата.

Ако светлото се вклучи за време на возење – застанете

Тој тврди дека името на ова светло е „лажно“, бидејќи постарите автомобили имаа ознака „ALT“, која јасно предупредуваше на проблем со алтернаторот – делот што овозможува полнење на батеријата додека моторот работи.

Доколку светлото за батерија се вклучи додека возите, тоа значи дека батеријата не добива доволно струја, што може да доведе до престанување на работата на сите електрични системи во автомобилот, вклучително и моторот. Во таков случај, Килмер советува веднаш да застанете и да утврдите во што е проблемот пред да продолжите со патувањето.

Што ако светлото се вклучи додека автомобилот работи во лер?

Од друга страна, ако светлото се вклучи додека автомобилот е во лер, а се изгаси штом тргнете, тоа е знак дека батеријата е ослабена, но сè уште е функционална. Во таков случај, можете да продолжите да возите уште некое време пред да биде потребна нејзина замена.

„Немојте веднаш да купувате нова батерија само затоа што се вклучило светлото – најчесто проблемот не е во батеријата, туку во алтернаторот“, предупредува Килмер.

Светлото „check engine“

Ова не е единствениот совет што им го дал на возачите. Претходно зборувал и за светлото „check engine“, истакнувајќи дека, доколку тоа повремено се вклучува и исклучува, обично не станува збор за сериозен проблем и нема причина за паника.

„Имам видено луѓе како трошат илјадници долари обидувајќи се да најдат проблем во автомобилот“, изјави тој, додавајќи дека многу сопственици на возила без потреба менуваат делови кои воопшто не се расипани.

Сепак, организацијата „RAC“ советува дека, доколку се вклучи светлото „check engine“, возилото треба што поскоро да се однесе на дијагностика, бидејќи може да укажува на потенцијално сериозен дефект.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img