3.6 C
Shtip
spot_img

Неколку совети од стоицизмот за пребродување на тешките времиња

Не можете да ги одбегнете тешките времиња и тешките ситуации, но дефинитивно може да се справите со нив. За да развиете емоционална отпорност, треба да научите да се справувате со секојдневните проблеми, како што се грижите и тешкотиите со самоконтролата. Стоицизмот, старогрчки филозофоски правец, има за цел да ги развие доблестите и да го зајакне карактерот, и на тој начин поединецот да ги надмине животните проблеми. Ви споделуваме неколку совети од стоичката филозофија за справување со тешкотиите во животот:

1. Свесност за вредноста

Станувајќи свесни за вашите основни вредности и обидот да живеете според нив, може да ви помогне да најдете чувство за насока и смисла во животот.

2. Немате целосна контрола над ништо освен над вашите постапки и мисли

Стоицизмот се заснова на фокусирање на вашето внимание и напор само на оние работи што можете да ги контролирате, и игнорирање на сè друго. Сознанието дека сте дале сè од себе во дадените околности ќе ви помогне полесно да ги прифатите околностите.

3. Застанете и вдишете длабоко

Силните емоции можат да ве натераат да заборавите дека има и други гледишта за ситуацијата. Но, со време секоја емоција ја губи својата моќ, а со одложување на одлуките за подоцна, избегнувате да станете плен на моменталните реакции на она што се случува.

4. Когнитивно дистанцирање

Когнитивното дистанцирање е способност да ги одделите вашите лични проценки од фактите. Објективната проценка на реалноста, пак, ви помага полесно да се справите со емоциите.

5. Негативна визуелизација

Стоичките филозофи препорачуваат да замислите ситуации во кои сте изгубиле работи што ги цените. Ова ќе ве натера да го цените она што веќе го имате. Наместо да копнеете по она што го немате, треба да научите да изразувате благодарност за работите што веќе ги имате.

6. Ослободување од прекумерна приврзаност кон надворешни фактори

Опседнатоста со нештата, особено со себе, е она што доведува до страдање. Стоиците биле познати по тоа што проповедале рамнодушност кон надворешните работи, пофалбите и критиките на другите.

━ повеќе содржини

„Седум од седум“ за OK Штип УГД

Победничката серија во Првата лига мажи продолжува за одбојкарите на Штип УГД кои до седмиот триумф во исто толку дуели дојдоа попладнево со 3:0...

Исчезнати две малолетнички од Штип – родителите со полицијата трагаат по нив

На 26 ноември 2025 година, околу 22 часот, во СВР Штип било пријавено исчезнување на две малолетнички од градот. Случајот го пријавиле нивните родители,...

Најпознати брендови според македонските потрошувачи за 2024 година

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2024-та година” кое е спроведено на репрезентативен...

ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е ОГНЕН МЕД?! Овој природен зимски еликсир ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ве заштити од воспаленија

Во зимските месеци, кога имунитетот често слабее, природните затоплувачки пијалоци и мешавините на зачини можат да бидат вистински сојузници во зачувувањето на здравјето. Една од...

Даниел (42) пушел цигара на својата тераса во Виена. Судот го казнил со 13.000 евра затоа што ги „вознемирувал“ соседите

Во виенскиот округ Флоридсдорф, еден соседски спор заврши со необична судска одлука. На станарот Даниел (42), татко на две деца, кој уживал пушејќи цигари на...
spot_img