6.9 C
Shtip
spot_img

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Најголемата американска банка, JPMorgan, предупреди на драматичен пад на вредноста на Tesla под водство на Илон Маск, наведувајќи дека никогаш досега не видела толку голема и брза загуба во автомобилската индустрија.

Forbes пишува дека JPMorgan во новата белешка до клиентите истакна дека пазарната вредност на Tesla паднала за 127 милијарди долари оваа недела за само еден ден, додека политичкиот ангажман на Маск станува сè поконтроверзен.

„Тешко ни е да се потсетиме на нешто слично во историјата на автомобилската индустрија, каде што бренд изгуби толку многу вредност за толку кратко време“, пишуваат аналитичарите на JPMorgan.

Предводен од автомобилскиот аналитичар Рајан Бринкман, извештајот на банката ја намали прогнозата за испорака на возила на Tesla за првиот квартал од 444.000 на 355.000, што е пад од 20%. Ова ги одразува стотиците милијарди долари што Tesla ги загуби во последните месеци.

Главната причина за овој пад, според JPMorgan, е „акутното“ влијание на политичките активности на Маск додека тој презема „сè поподелена улога во владата“ – финансиски еуфемизам за оценката дека Маск ја уништува Tesla со својот политички ангажман.

„Работата на Маск на DOGE предизвика контроверзии во земјата“, напиша Бринкман, според Business Insider, додавајќи дека „иако има еднаков број на оние од десната страна кои се задоволни и оние од левата страна кои се незадоволни, влијанието врз продажбата на Tesla сепак е негативно“.

Бринкман, исто така, истакна дека Tesla е „во најголем ризик“ поради „променливата регулаторна клима“ во администрацијата на Доналд Трамп, што е иронично ако се земе предвид дека Трамп, и покрај неговото непријателство кон електричните возила кога ги нарече „демократско лудило“ и „нова зелена измама“ за време на кампањата, оваа недела рече дека ќе купи новa Tesla за поддршка на Маск.

Во Европа ситуацијата е уште полоша, пишува JPMorgan. Блиските односи на Маск со Владимир Путин, дистанцирањето од Украина, антиНАТО ставовите и поддршката за „екстремно десничарските политички партии“ – сето тоа, според Бринкман, сериозно му наштетува на угледот на Tesla. Како резултат на тоа, регистрациите на нови возила на Tesla во Европа во јануари паднаа за 50% во споредба со истиот период во 2024 година.

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...
spot_img