13.3 C
Shtip
spot_img

Над 200 нови дрвја засадени на булевар „Партизанска“ – ЈП „Исар“ со акција за позелен Штип

ЈП “Исар” Штип викендов реализираше нова акција за раззеленување на градот, при што на новоизградениот потег од булеварот „Партизанска“, во делот на разделното зеленило, беа засадени повеќе од 200 дрвја и зимзелени садници.
Од претпријатието информираат дека целта на акцијата е подобрување на квалитетот на воздухот, зголемување на зелените површини и создавање попријатна и поуредена урбана средина за граѓаните кои живеат или секојдневно поминуваат низ овој дел од градот.
„Ова не е само раззеленување, туку инвестиција во здравјето, иднината и убавината на нашиот град. Со секое ново засадено дрво придонесуваме кон почиста и поеколошка средина“, посочуваат од ЈП „Исар“.
Акцијата е дел од континуираните активности на претпријатието за унапредување на јавните површини и хортикултурно уредување на градот. Од таму најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со слични проекти, со цел создавање одржлива и зелена иднина за сите граѓани.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img