18.9 C
Shtip
spot_img

Модуларната болница во Штип ќе прерасне во специјалистичка амбуланта

Модуларната болница во Штип, која по завршувањето на пандемијата остана нефункционална и беше честа мета на вандализам и кражби, наскоро ќе добие нова намена – ќе се трансформира во современа специјалистичка амбуланта.

Наместо во старата зграда на болницата, закажаните прегледи преку системот „Мој Термин“ ќе се реализираат во адаптираниот модуларен објект. Според директорот на Клиничката болница Штип, Владко Захариев, 90 проценти од постапката за преадаптација веќе е завршена.

„Нашата цел е да овозможиме целосна реконструкција и преадаптација на модуларната болница за извршување специјалистички прегледи преку системот ‘Мој Термин’. Речиси 90% од целата процедура е спроведена. Веќе е поднесено барање до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, и во очекување сме на одобрување на потребните финансиски средства. Наш план е да започнеме и завршиме со постапката што е можно поскоро,“ изјави Захариев.

Во координација со Општина Штип, ќе се уреди и околниот простор, со изградба на паркинг и пристапна инфраструктура до самиот објект.

Според податоците на Клиничката болница, во текот на изминатата година преку амбулантите биле прегледани над 150.000 пациенти, при што најголем обем на работа е регистриран во одделите за ортопедија и хирургија. Со дислокацијата на дел од амбулантите во модуларната болница, ќе се создадат услови и за конечно отворање на Ургентниот центар во рамки на штипската Клиничка болница.

━ повеќе содржини

Денес се слави и чествува Покровита Богородица!

Денес е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип,...

Автофагија – процес во кој организмот “се јаде самиот себе”

Целта на автофагијата е да го „изеде“ сето тоа што не чини во телото и да го претвори во енергија Автофагија во буквален превод значи...

Ако Лихтенштајн не прими „шестка“, тогаш и реми во Кардиф ни носи полесен ривал во баражот!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ремизира против Казахстан, додека Белгија славеше во Кардиф против Велс (4-2) што значи дека речиси сигурно ги изгуби шансите за...

Раде Рогожаров со голем кам-бек на музичката естрада!

По подолга пауза, една од најпознатите и најпозитивни јавни личности во Македонија, штипскиот актер, ТВ водител и пејач Раде Рогожаров, официјално најави дека се...

Столе Димитриевски: Целта е јасна, да излеземе на терен и да победиме

Репрезентацијата на Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува составот на Казахстан, во меч кој може да биде клучен за...
spot_img