28 C
Shtip
spot_img

„Младите бунтовници“ се враќаат: Пабло, Марица и Мануел од „Rebelde Way“ тргнуваат на светска турнеја под името „Заедно уште еднаш“

Фановите на култната аргентинска серија „Млади бунтовници“ („Rebelde Way“) имаат причина за радост: членовите на популарната група „Erreway“ – Пабло (Бенхамин Рохас), Марица (Камила Бордонаба) и Мануел (Фелипе Коломбо) – повторно се обединија и тргнуваат на светска турнеја под името „Juntos Otra Vez“ („Заедно уште еднаш“). 

Турнејата започнува на 24 април во Кито, Еквадор, продолжува на 26 април во Гвајакил, а на 3 мај ќе настапат во Лима, Перу. Потоа, групата ќе се пресели во Европа, каде што ќе одржи концерти во Наполи (4 јуни), Мадрид (6 јуни) и Барселона (7 јуни). 

Иако Луисана Лопилато (Миа) нема да учествува во турнејата, таа им изрази поддршка на своите поранешни колеги преку социјалните мрежи. 

Оваа турнеја претставува носталгично враќање за многумина кои пораснаа со серијата и музиката на „Erreway“. Иако Македонија не е на листата на турнејата, најблиската дестинација е Италија, што може да биде одлична можност за фановите од регионот да ги видат своите омилени ѕвезди во живо.

━ повеќе содржини

Лекот “Фостер” повторно достапен во аптеките ширум земјата!

И другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) може да се земат...

Познатиот македонски рапер го истетовира ликот на Панчо во знак на почит!

Македонскиот рапер Христијан Тасковски, познат како Таско, на неверојатен начин му оддаде почит на Владимир Блажев – Панчо, кој трагично го загуби животот по неколкумесечна борба со повредите ...

Фудбалска “бомба” во Штип!

Матеј Ангелов е нов играч на Брегалница! Тој е повратник во плавиот дрес, со оглед на фактот дека кариерата ја започна во својата матична...

После 30 години од смртта на Tupac, ново судско рочиште за утврдување на вина

Во пресрет на судењето на Дуан Кеф Д. Дејвис, закажано за 10 август, деталите за пукањето во Лас Вегас во 1996 година, во кое...

Се снима “Мравки” – нов Македонски игран филм!

Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на...
spot_img