6.8 C
Shtip
spot_img

МВР со кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и  Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток. З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.

Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош. Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања. Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност. Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.

━ повеќе содржини

35 години „ЕАМ“ Штип – македонски текстилен бренд со светско реноме, интервју со М-р Марија Патраклиска

Интервју со м-р Марија Патриклиска, менаџер во Оддел за човечки ресурси во „ЕАМ“ ДОО Штип, текстилна компанија која оваа година прославува 35-годишен јубилеј, успешно...

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ МАРТИНКА И БРОЈАНИЦА – Што велат од црквата?

Црквата само посочува , а на луѓето останува кој како милува тоа нека носи. Тоа е суеверие , кога веруваш дека два конци црвен и...

Денеска врнежи од дожд и од снег на планините

Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег,...

Емил Павлов стави точка на својот шампионски пат!

Најтрофејниот македонски каратист, Емил Павлов, официјално стави крај на својата богата спортска кариера. Веста ја сподели преку емотивно видео обраќање, во кое се осврна на...

Денес почнува Рамазан!

За припадниците на исламската вероисповед, Рамазан, месецот на постење, милосрдие и објавување на Куранот на пророкот Мухамед, започнува денес и ќе трае 29 дена. Рамазан...
spot_img