21 C
Shtip
spot_img

“Марш на ангелите” во сабота во Штип!

За првпат оваа сабота, Маршот на ангелите ќе се одржи во Штип. Родителите на загинатите ги повикаа сите кои што имаат чувство да им се придружат на 41 виот марш за нивните 63 ангелчиња. Истиот ќе се одржи од 16:05 минути од градскиот Плоштад Слобода. Предвидено е обирањето да почне од 15:50 минути. Како што изнестуваат од здружението на граѓани 16 март 2025 година Кочани, правдата не смее да доцни и дека сите ќе чекорат мирно и достоинствено и гласно ќе потсетат дека нивните најмили не смеат да бидат заборавени

41 МАРШ НА АНГЕЛИТЕ – Првпат во Штип

За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип.

Во знак на почит кон нашите 63 ангели, кон повредените и кон сите семејства што повеќе од една година ја носат најтешката болка, ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш на ангелите.

Штип – Плоштад „Слобода“

18.04.2026 (сабота)

Собир: 15:50 часот

Почеток на маршот: 16:05 часот

Ова не е само марш. Ова е чекор за сеќавање. Чекор за вистината. Чекор за правда.

Ќе чекориме мирно, достоинствено и гласно ќе потсетиме дека нашите најмили не смеат да бидат заборавени и дека правдата не смее да доцни. Не забораваме. Затоа чекориме.

Правда за нашите ангели.“, велат од здружението

Инаку, во пожарот животот кој се случи на 16 март 2025 во дискотетката Пулс во Кочани, животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Неколку повредени се уште се лекуваат. Судењето се уште е во тек.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img