32 C
Shtip
spot_img

Македонската полиција го одбележа 7 Мај со фокус на безбедноста и борбата против криминалот

Клучната улога на полициските службеници во обезбедувањето на јавната безбедност и борбата против криминалот и корупцијата беа во фокусот на денешното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. На свеченоста во Центарот за обука на МВР во Идризово беа нагласени постигнатите резултати, како што е намалувањето на криминалитетот за речиси пет проценти и сузбивањето на 14 организирани криминални групи. На настанот беше испратена порака дека во државата нема место за врски, непотизам и заштита од одговорност и дека борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи со целосна посветеност.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја истакна важноста на полициските службеници во одржувањето на јавната безбедност и порача дека да се биде полицаец не значи само носење на униформа, туку и посветеност во заштитата на татковината.

– Современиот безбедносен контекст е сложен, се соочуваме со големи предизвици и нашата улога денеска е поодговорна од кога било – истакна Тошковски, додавајќи дека Министерството за внатрешни работи активно соработува со бројни европски и регионални партнери.

Министерот се осврна и на резултатите од работата на полицијата во изминатиот период, нагласувајќи дека минатата година е забележано намалување на вкупниот криминалитет за речиси пет проценти и сузбиени се 14 организирани криминални групи, од кои најмногу поврзани со трговијата со дрога.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на свеченоста, порача дека во државата нема место за врски, непотизам и заштита од одговорност.

– Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ беа погласни од законот. Тоа време е завршено. Сакам денес јавно и гласно да кажам дека во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите, без разлика дали станува збор за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен – нагласи Мицкоски.

Борбата со криминалот и корупцијата, како што истакна, мора да се води со целосна посветеност и чисти раце.

– Денес испраќаме силна порака дека нема компромис со криминалот. Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред. Одлучни сме, како Влада, како институции, но пред сè како општество – дека оваа борба мора да се води со целосна посветеност, со вистински партнери и со чисти раце – рече Мицкоски.

Слична порака испрати и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев нагласувајќи дека функцијата не е штит и дека никој не е над Законот.

– Сакам најдоблесно да им се обратам на сите раководни лица од Бирото за јавна безбедност на сите кои како раководство им дадовме шанса, поддршка. Функцијата не ви е трофеј, таа е одговорност. Не заборавајте дека никој не е вечен. Во едно современо општество не владее поединецот, владее правото – истакна Јанев.

Во рамки на прославата се одржа и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

━ повеќе содржини

Дијана Габровска уапсена на Халкидики со двајца црнци додека снимала филм за возрасни

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...

Ужас! Португалскиот фудбалер Диого Жота од Ливерпул загина во сообраќајка!

Ужасни вести доаѓаат од светот на фудбалот. Актуелниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота на 28-годишна возраст денес загина во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во...

Доц. д-р. Мирела Василева: „Сончевите зраци не лечат – тие маскираат, па оштетуваат“

Со доаѓањето на летото, кожата станува прва на линија на удар – од сончеви зраци, високи температури, потење до инфекции. Доц. д-р. Мирела Василева,...

Сите естетски зафати на атрактивната Клои Кардашијан – од корекција на носот до контроверзни третмани

Клои Кардашијан, една од најпознатите членови на познатиот клан Кардашијан, неодамна отворено проговори за промените што ги направила на својот изглед во последните неколку...

Тенисерките на Вимблдон биле присилени да играат без градник поради апсурдни правила!

Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот, со децении ги принудуваше женските играчи да се натпреваруваат без градник. Преку строги и бескомпромисни правила за облекување,...
spot_img