5.7 C
Shtip
spot_img

Македонија преплавена со стари, претежно дизел возила постари преку 20 години

Во последната деценија македонските патишта се преплавени со половни возила – повеќе од 80% од увезените автомобили не се нови. Само оваа година, на еден нов автомобил доаѓаат просечно 3,5 половни, што е показател за долготрајната доминација на старите возила. Според податоците од Царинската управа, од јануари до ноември 2025 година се увезени 53.867 патнички автомобили, од кои 41.842 биле половни, а само 12.025 нови.

Истовремено, бројот на регистрирани возила е дуплиран во последните дванаесет години – од околу 350.000 во 2012 на речиси 700.000 во 2024 година. Просечната старост на автомобилите е скокната на 19,4 години, што значи дека на патиштата се движат сè повеќе стари и веќе изношени возила. Дури 87,9% од сите автомобили се постари од десет години, додека новите, не постари од две години, сочинуваат само 1,8%.

Градот Скопје носи значителен дел од автомобилскиот товар – речиси секое трето возило во земјава е регистрирано токму во главниот град. Од вкупно 699.111 возила, 229.546 се во Скопје, а уделот е уште поголем кај товарните автомобили – над 38%. Патничките возила во Скопје сочинуваат околу 33% од вкупниот број во земјава, додека мотоциклите се речиси 30%.

На македонските патишта доминираат дизел возила – речиси две третини од патничките автомобили користат дизел гориво. Бензинците бележат постојан пад, додека електричните и хибридните возила, иако сè уште мал сегмент, растат со експлозивна брзина: минатата година електричните се зголемиле за 169%, а хибридните за неверојатни 295%. Во 2024 година на улиците имало 1.507 електрични и 5.078 хибридни возила, наспроти само 561 електрично и 1.287 хибридни во 2023.

Стареењето на автомобилската флота е посебно изразено кај патничките автомобили – просечната старост се зголемила за 3,7 години од 2009 до 2024 година. Товарните и влечните возила стареат побавно, а автобусите речиси не се менуваат – просечната старост кај нив е околу 18,8 години.

Овој тренд ја потенцира континуираната зависност од половни возила и недостатокот на свежи нови автомобили на патиштата. Од вкупно над 455.000 возила кои се под Еуро 5 стандардот, многу се старо производство и со повисоки емисии на штетни гасови.

━ повеќе содржини

Наскоро, за прв пат во Штип: Вински салон-фестивал!

Дека Штип е град со многубројни настани од сферата на музиката, спортот, културата се докажа многу пати досега. По пандан на многу европски метрополи,...

УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ ИМААТ ЕДНА ГОДИНА ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ И ДА ГО СПРОВЕДАТ!

Министерот за здравство објави дека угостителските објекти ќе добијат рок од една година за да ги усогласат своите тераси со новиот закон за заштита...

Ана Костадиновска, пратечки вокал на ДНК, сведочеше за трагдијата во “Пулс”: „Паднав во стампедото, настана хаос, силен мирис што нè тераше на спиење“:

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денес продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК.  Костадиновска раскажа дека трагедијата се случила...

Речиси две третини од Македонците купуваат онлајн – најмногу пазарат облека, обувки и модни додатоци

Македонските онлајн-купувачи се најактивни во модата и во плаќањето претплати за интернет и мобилни услуги, а мал дел на тој начин купуваат лекови, електроника...

ЖЕНА ДОБИ 10,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЛОТАРИЈА – ПА ГИ УДВОИ НА РУЛЕТ!

Замислете да освоите две лотарии во ист ден и да ставите во џеб 10,2 милиони долари. Токму тоа и се случило на една жена,...
spot_img