Во 18-тото коло беше извлечена главната премија „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра.
Според информациите, добитното ливче било уплатено во Кавадарци.
Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.
Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари.
Според податоците, ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, со вредност од околу 1,273 милиони евра.







