9.2 C
Shtip
spot_img

Ливерпул ќе го повлече дресот со број 20 во спомен на Жота

Ливерпул објави дека дресот со број 20 на клубот ќе биде повлечен од употреба по трагичната смрт на Диого Жота , кој го носеше бројот за време на неговиот престој во „Црвените“.

„Бројот 20 со право ќе биде овековечен за неговиот придонес во титулата на Ливерпул во сезоната 2024/25 – 20-тата за клубот. Со неговиот гол за запечатување на победата во дербито на Мерсисајд во април – трогателниот последен гол во неговиот живот“, напиша клубот во соопштение на социјалните мрежи.

Ливерпул исто така се потсети на некои моменти и изјави на Португалецот, кој вчера трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, упатувајќи се да фати брод кон Англија, со оглед дека лекарите му препорачале да не патува со авион поради тоа што правел операција на белите дробови.

━ повеќе содржини

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години...

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...
spot_img