23.2 C
Shtip
spot_img

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство во менаџмент, бил генерален директор во Aseemas General Trading во Дубаи, а подоцна работел како генерален директор во Kadr Textile и Lesson GmbH во Германија.

Во Турција, Шен бил на високи менаџерски позиции, првенствено во големи брендови како Vakko и Sarar. Со обезбедување консултантски услуги и услуги за обука, стекнал богато менаџерско искуство во широк спектар на сектори и на домашниот и на меѓународниот пазар.

Мурат Шамил Шен е поранешен кошаркарски репрезентативец на Турција, а со успех настапувал за кошаркарскиот клуб Фенербахче од Истанбул и неколку клубови од Германија и Дубаи. Поради неговата љубов кон кошарката, во спортските кулоари во Штип се шпекулира дека тој е заинтересиран и за инвестирање во кошаркарскиот клуб Соколи од Штип, кој моментално настапува во втората по ранг кошаркарска лига во Македонија.

Освен во спортот, господинот Шен е заинтересиран и за инвестиција во областа на индустријата во Штип, а и други градови во Македонија, како што и сам изјави на прес-конференцијата на ФК Брегалница. Тој се почесто претстојува во нашата земја, испитувајки го пулсот за инвесиција тука во Македонија.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...

Почина Халк Хоган! На само еден час пред смртта ја сподели оваа порака на инстаграм

Светот е затекнат од тажната вест за смртта на легендата за професионално борење Халк Хоган. Тој почина на 71-годишна возраст од срцев удар во...
spot_img