20.3 C
Shtip
spot_img

Избран АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА – ако го возите, ќе бидете горди

По повеќе од 50 години, „Mercedes Benz“ се врати на тронот на европската автомобилска индустрија, бидејќи моделот „CLA“ беше прогласен за европски автомобил на годината на Саемот за автомобили во Брисел.

Титулата ја понесе „Mercedes Cla“, кој ги остави зад себе другите шест финалисти: „Citroen C5 Air Cross“, „Dacia Bigster“, „Fiat Grand Panda“, „Kia EV4“, „Renault 4“ и „Skoda Elrock“.

На церемонија одржана во Брисел, со гласање во стилот на Евровизија, 59 членови на жирито за наградата Автомобил на годината ја донесоа својата одлука, избирајќи го новиот „крал“ на европскиот пазар на автомобили.

„Mercedes“ победи убедливо, освојувајќи вкупно 320 поени, точно 100 повеќе од второпласираната „Skoda Elrock“.

Моделот CLA беше највисоко оценет во 12 од 23 земји. Со оваа победа, „Mercedes CLA“ ја презема титулата од „Renault 5 e-tech“, кој ја освои највисоката континентална награда минатата сезона.

Ова е втор пат во историјата на Mercedes-Benz и 62-годишната историја на Автомобил на годината германскиот бренд да ја освои оваа престижна награда.

Последниот пат победи во 1974 година.

Конечниот пласман беше како што следува:

„Mercedes CLA“: 320 поени,

„Skoda Elrock“: 220 поени,

Kia EV4: 208 поени,

„citroen C5 aircross“: 207 поени,

„fiat grande panda“: 200 поени,

„Dacia Bigster“: 170 поени,

„renault 4“: 150 поени,

„CLA“ е еден од најважните модели во историјата на Mercedes и „најпаметниот автомобил што компанијата некогаш го направила“, објавува порталот Biz.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img