11.7 C
Shtip
spot_img

Која е македонката која прошета во светската елита? Тамара Котевска на ВИП ручек со Леонардо Ди Каприо и Бенисио Дел Торо

Тамара Котевска беше дел од ексклузивен ВИП ручек и дискусија со холивудските ѕвезди Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо и останатата екипа на филмот One Battle After Another на Пол Томас Андерсон.

“Time” го прогласи Леонардо ди Каприо за забавувач (ENTERTAINER) на годината, Тамара Котевска вели имаме ист интерес: документарци за екологија

Тамара Котевска беше поканета на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот ONE BATTLE AFTER ANOTHER со целиот каст: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити, Регина Хал.

Како член на Академијата и гласач, Тамара Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу 30-тината избрани и поканети холивудски гласачи на ВИП ручекот и дискусија со холивудските актери од ONE BATTLE AFTER ANOTHER на Пол Томас Андерсон кој годинава е во трката за оскари и има најмногу номинации за Златен Глобус. Настанот започна со дискусија на актерите Леонардо Ди Каприо, Беницио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити и Регина Хал кои од прва рака ги раскажуваа своите приватни доживувања за време на снимањето. Тие од снимањето и соработката со генијот Пол Томас Андерсон споделија хумористични детали пред одбраната публика која се состоеше од познати актери и режисери.

Тамара Котевска сподели дека лично поразговарала со Леонардо кој многу добро се сеќавал на Медена Земја и на самата Тамара со која ја делеа сцената во центарот на првиот ред на фотографијата од номинираните во 2020.

Тој е силен поборник на документарци за екологија и природа, а оваа година како продуцент преку Di Caprio Fondation повторно има свој кандидат кој е во трката за оскари, а чиј режисер е австриецот Ричард Ладкани, инаку заеднички пријател на Котевска и Ди Каприо. Во секој случај, Силјан е многу подалеку во трката за оскарите од филмот на Ладкани, па можеби токму затоа самиот Ди Каприо во разговорот со Котевска пројавил желба да го гледа “Приказната за Силјан”. Тој бил доста љубопитен за филмот и за неговиот молскавичен пробив на кампањата годинава.

Меѓу другото, Котевска имаше можност да поразговара и со Бенисио Дел Торо и со Тијана Тејлор која како главниот бунтовник во филмот исто така пројавила огромна желба да го гледа документарецот на Котевска кој носи слични тематики на правда и бунт кон неправедниот систем.

“Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој од секогаш се чинел недостижен. Но кога си таму со нив во истата малечка просторијата, делиш оброк заедно и гледаш колку се тоа обични луѓе кои минуваат низ истите трауми, искушенија, несигурности и притисоци со секој нов филм како и сите ние останатите филмаџии на планетава, тоа е едно посебно чувство кое ги руши сите предрасуди и бариери дека нешто е невозможно да се достигне”. – изјави Котевска како доживување од настанот.

━ повеќе содржини

Подвиг на хрватските хирурзи: Извадија тумор од 36 килограми и спасија живот

Тим од врвни хрватски лекари извршија исклучително сложена и ретка оперативна зафат, отстранувајќи тумор со тежина од неверојатни 36 килограми кај една пациентка. Овој...

ЕМИГРАНТИ со нова трака „SuperMen“ – химна против хејтерите

Македонската хип-хоп група ЕМИГРАНТИ го објави својот најнов сингл „SuperMen“, кој излезе симболично на петок 13-ти. Станува збор за енергична trap/hip-hop трака со силна...

Следуваат денови на пониски температури, дожд, а понекаде и снег

Од денес следува промена на временските услови поради продор на ладна воздушна маса од север. Според најавите на метеоролозите, во наредните денови времето ќе...

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Кочани – Виница

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница,...

Штип никогаш не заборава“: Градот им оддаде почит на загинатите во „Пулс“, се постави и камен темелник за изградба на спомен обележје

Вечерва, под тивкото ѕвездено небо и во атмосфера на длабока почит и сеќавање, кај малата фонтана на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип започна поставувањето...
spot_img