23.5 C
Shtip
spot_img

Конор Мек Грегор нокаутира човек во ноќен клуб на Ибица

Поранешниот шампион на УФЦ Конор Мек Грегор се чини дека е вмешан во уште еден скандал со напад врз посетител на клуб откако снимки од инцидентот се појавија на интернет. 36-годишниот Мек Грегор беше на Ибица во последните денови и беше фотографиран како се забавува со ријалити ѕвездата Кејти Прајс и сопственикот на клубот Вејн Линекер, брат на поранешниот фудбалер Гари Линекер.

Мек Грегор објави неколку фотографии од своето патување на социјалните мрежи и се чини дека ужива на Балеарските Острови. Сепак, Сан доби снимки од Ирецот како удира друг човек додека слави во раните утрински часови во вторник.

Работите брзо се влошија, бидејќи Мек Грегор се чини дека зададе два удара со левата рака додека сè уште држеше пијалок во десната, пред неколку луѓе да се најдат меѓу ММА борецот и човекот кој го прими ударот. Причината за расправијата не е сосема јасна, но извор за Санј изјави:

„Очигледно е кажано нешто што го налутило и тој реагирал многу лошо. Човекот изгледа како да падна на подот, а неговите пријатели дошле да го земат и да го однесат. Немало никакви последици за Конор, но човекот кого го удрил беше однесен од обезбедувањето и јас повеќе не го видов“.

36-годишниот поранешен двократен шампион на УФЦ не се борел од јули 2021 година, кога загуби од Дастин Пориер. Оттогаш, Мек Грегор има закажана борба против Мајкл Чендлер, која беше откажана. Во март, тој тврдеше дека е „во преговори“ за две борби, но договор не е финализиран во овој момент. Во мај, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, даде објаснување за ситуацијата на Мек Грегор:

„Тој нема да се бори наскоро“, рече Вајт. „Не сум разговарал со него веќе некое време, но да, не знам“.

Надвор од октагонот, Ирецот беше прогласен за виновен за силување на Никита Хенд во хотел во Даблин пред шест години по долго граѓанско судење во Република Ирска во ноември 2024 година. На Хенд и беше доделена отштета од 248.000 евра. Во февруари 2025 година ББЦ њуз објави дека Мек Грегор има намера да поднесе жалба на одлуката во граѓанското судење.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img