-0.4 C
Shtip
spot_img

“Кинотека” со богата програма во јануари во годината кога одбележува 50 години од формирањето

Кинотека на Македонија најави богата програма за јануари, во годината кога одбележува 50 години од формирањето.

-Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава, наведуваат од Кинотека.

Јануарската програма на Кинотека, како што додаваат оттаму, функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи, во годината во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање.

-Посебно место во програмата заземаат тематските целини „Кино утро“, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот Киненова, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот, стои во соопштението.

Од Кинотека посочуваат дека особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор.

-Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици, се наведува во соопштението.

Програмата, како што посочуваат оттаму, се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.

-Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, наведуваат од Кинотека.

Целата програма достапна на линкот.

━ повеќе содржини

Кошмар за возачите во зима: Што е „црн мраз“?

Со големиот пад на температурата можна е и појава на „црн мраз“ на патиштата. Овој „невидлив убиец“, како што се нарекува, предизвикува бројни сообраќајни...

УШТЕ РАЗГОВАРАМЕ ПРЕКУ ФИКСНИ ТЕЛЕФОНИ – Лани во Македонија имало 460.000 вакви линии

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани изнесува 2.105.467, а реализирани се 1.299.617.051 минути разговор, покажуваат најновите податоци од...

Ова се катастрофите што Симпсонови ги предвидоа за 2026, а една од нив е и нова пандемија

Популарната култна серија „Симпсонови“ често се нарекува пророк на поп-културата, а сега гледачите забележуваат алармантни предвидувања за 2026 година кои веќе почнуваат да се...

Знаците кои откриваат дека имате проблем со алкохол, според искусен доктор

Дали неуспехот во обидот да се издржи целосно без алкохол е аларм за проблем со алкохол? Многумина сакаат да го направат таканаречениот „Сув Јануари“...

Дали работите во една од 9-те најстресни индустрии во 2026 година?

Дали некогаш сте се чувствувале целосно исцрпено по работа, прашувајќи се дали вашата работа е постресна од другите? Нова анализа од Welltory, апликација за...
spot_img