14 C
Shtip
spot_img

Караванот „Македонијо, во срце те носиме” утре во Штип

По незаборавните вечери во Охрид и Делчево, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме сега патува кон градот под Исарот, кон Штип.

Штипјани утревечер, 3 септември, со почеток од 20 часот време е да ја отвориме душата и да го исполниме градот со звуците на најубавите македонски песни. Затоа што ова не е само концерт, ова е емоционално обединување и прослава на сѐ што сме – народ со горда историја, богата култура и неизмерна љубов кон татковината.

Во Охрид и Делчево пеевме како едно, а сега е време и Штип да одекне со истиот жар, сега е време да запееме сите затоа што македонската песна не познава граници, не познава поделби – таа живее во нас.

Мисијата наречена Македонијо во срце те носиме, а зад која стои Скендеровски продукција, продолжува – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да го славиме нашето, македонското, да пееме за Македонија, да бидеме едно!

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img