17.2 C
Shtip
spot_img

И ова го има: Семејство од Швајцарија одлучи да донира 16 милиони евра бидејќи богатството им создава нелагодност

Татко, мајка и две деца, кои заедно располагаат со богатство поголемо од 15 милиони швајцарски франци (околу 16 милиони евра), одлучиле да ги подарaт овие пари. Наместо да уживаат во луксузен живот, ова швајцарско семејство решило да направи нешто сосема поинакво – речиси целиот свој имот да го донира.

Според пишувањето на швајцарскиот весник Blick, кој разговарал со семејството, одлуката не била донесена преку ноќ, туку е резултат на долго размислување за вредностите, одговорноста и иднината на планетата.

Нелагодност поради богатството
Мајката (64), која работи како медицинска сестра, признава дека парите отсекогаш ѝ создавале нелагодност. Таа пораснала во скромно земјоделско семејство со десет деца, каде животните услови биле едноставни, но моралните вредности јасни.

„Кога во недела богатите минуваа со спортски автомобили, ние ја вртеевме главата“, се присети таа. Сликата за имотните луѓе, кои ги нарекува „богаташи“, ѝ останала длабоко врежана. Токму затоа, вели, богатството што нејзиниот сопруг го внел во бракот никогаш не го доживувала како нешто што навистина ѝ припаѓа на нивното семејство.

Наследство што не било трошено
Сопругот, архитект од втора генерација, ги наследил парите по смртта на својот татко. Иако пораснал во материјално стабилни услови, во голема куќа и со дадилка, вели дека неговото семејство не живеело раскошно.

„Татко ми секогаш носеше иста облека, а на одмор одевме како и моите соученици“, рече тој.

Откако го наследил богатството, одлучил со своето семејство да живее нормално, па парите главно останале недопрени на сметка.

Децата шокирани од износот
Родителите им ја откриле големината на семејното богатство на децата дури кога станале возрасни.

„Тој износ ме шокираше“, призна 29-годишната ќерка.

Иако семејството поседува куќа на добра локација во источна Швајцарија, свесно одлучиле да избегнат луксузен начин на живот.

Климатската криза како пресвртница
Идејата за донирање на богатството почнала да се развива пред околу три години. Семејството и претходно чувствувало потреба парите да ги искористи за нешто смислено, но клучниот поттик дошол од ќерката за време на студиите.

„Кога ги сфатив размерите на климатската криза и кризата со биодиверзитетот, ми стана јасно дека повеќе не можеме да чекаме. Мора да дејствуваме“, рече младата научничка која се занимава со животна средина.

Нејзиниот 31-годишен брат ги дели истите вредности, иако признава дека на почетокот имал дилеми:
„Размислував што ако се случи несреќа или болест?“

Одлуката донесена заеднички
За да донесат одлука што ќе одговара на сите членови на семејството, повеќе од една година се среќавале со професионален советник. Процесот бил дискретен, а за нивната намера знаат само најблиските пријатели, додека семејството инсистирало на анонимност.

„Не сакам насекаде да ме препознаваат како личност што се откажала од милиони“, објасни ќерката.

Првите донации веќе во план
Првиот конкретен чекор веќе е дефиниран: до крајот на 2026 година планираат да донираат околу 1,5 милиони франци на швајцарска фондација која поддржува проекти за заштита на климата. Тоа е само почеток, а дополнителни донации се во подготовка.

Семејството ќе ги задржи недвижностите и дел од средствата за сигурна иднина на децата и пензија на родителите, но остатокот од богатството сакаат речиси целосно да го подарат.

„Единственото од кое се откажуваме е можноста за луксузен живот, а тоа е нешто што во денешниот свет го сметам за сосема несоодветно“, заклучи ќерката.

━ повеќе содржини

Дали е подобро климата да работи непрекинато или по потреба?

Правилното користење на клима-уредот и одржувањето оптимална температурна разлика се клучни фактори за постигнување енергетска ефикасност и пониски сметки. Појавата на првите летни горештини и...

ЗАПОЧНА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АРМ ВО ШТИП: Ќе бидат прикажани опрема, возила и способности на единиците на македонската армија

Армијата на Република Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти...

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна....

МВР ЗАБРАНИ ДА СЕ ДОАЃА ВО БЕРМУДИ, МИНИ, СО ГОЛ ПАПОК И СО ВЛЕЧКИ ЗА СЛИКАЊЕ И ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, ИСТОТО ВАЖИ...

Министерството за внатрешни работи (МВР)  објави Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи  и бара отсега да...

МУ ЈА УКРАЛ КАРТИЦАТА НА ЏОНИ ДЕП И ТРОШЕЛ ПАРИ 2 ГОДИНИ – Актерот не забележал дека некој му ја празни банкарската картичка

27-годишен Јорданец е уапсен во Будимпешта под сомнение дека ги украл податоците од банкарската картичка на Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти...
spot_img