11.4 C
Shtip
spot_img

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години е извидничко безбедно место за учење, дружење и развој, но во моментов има потреба од санација и подобри услови.

„Секоја донација, без разлика колку е голема или мала, ни помага да го завршиме започнатото. Не обновуваме само ѕидови – градиме место каде младите ќе растат, ќе учат и ќе сонуваат заедно“, нагласуваат од „Еквинокс“.

„Десет неуморни денови. Под најжешкото сонце, со полни срца и волја посилна од бетон – го обновивме кровот на нашиот извиднички дом. Ова не е само кров. Ова е симбол – на нашата посветеност за подобро утре, на нашата обврска кон себе и кон другите“, дополнуваат оттаму.

Сега, посочуваат од извидничкиот одред, следува и под, прозори, врати, струја, вода, кујна, тоалет – сè што ќе го направи просторот жив и функционален.

„Затоа сте ни потребни вие! Потребно ни е да собереме 15.000 евра за да успееме да постигнеме функционалност на објектот со цел децата и младите извидници да имаат место каде ќе творат, ќе се надоградуваат и ќе градат карактери кои ќе имаат конструктивна улога во општеството! Со љубов, од сите извидници на ИО Еквинокс – Штип! Со извиднички поздрав – ЗДРАВО!“, стои во фандрејзерот на „Еквинокс“.

Донаторската акција се реализира преку: https://whydonate.com/fundraising/help-us-rebuild-our-scout-home

━ повеќе содржини

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...

ГО САКА НИС ПЕТРОЛ, ГО БРКА ЛУКОИЛ: Унгарски Мол заинтересиран за купување на двете компании

МОЛ Групацијата од Унгарија изразила интерес за купување на меѓународните средства на санкционираниот руски нафтен гигант Лукоил на американските претставници, објави Б92, повикувајќи се на три добро...
spot_img