23 C
Shtip
spot_img

Ивана Биџовска е нов директор на библиотеката „Гоце Делчев“ – Штип

Ивана Биџовска е новата директорка на НУУБ „Гоце Делчев“ Штип. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Драган Горгиев, кој оваа функција ја извршуваше во претходните седум месеци. Ова е уште една од низата промени на директорските места во оваа институција од 2022 година до денеска. Во рок од само три години ротираа неколку имиња на директори, односно од 2022 година до сега се променија повеќе од пет директори. На почетокот на 2022 година функцијата директор ја извршуваше Тодор Џидров. Од септември 2022 година на истото место беше Билјана Миладиновска, а во мај 2023 година за в.д. директорка беше назначена Ивана Стојанова. Во директорската фотелја потоа седна Тамер Јамаковски кој на оваа функција се задржа до 18 ноември 2023 година кога си поднесе оставка од лични причини. Него повторно го наследи Ивана Стојанова, но за кратко, бидејќи беше избран нов в.д. директор односно на оваа функција дојде Драган Горгиев. Тој функцијата ја извршуваше од 19 декември 2024 година до денеска.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img