16.7 C
Shtip
spot_img

Злато во вредност од пола милион евра запленето на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра. Откако ја поминале пасошката контрола на Аеродромот во Скопје, осомничените поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници кои немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде било забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со неговата сопруга која е првоосомничена и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот кој го носела била пронајдена непријавената стока – златен накит, која и била одземена, информира од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за криумчарење на стока која е во вредност од големи размери.

━ повеќе содржини

Дали е подобро климата да работи непрекинато или по потреба?

Правилното користење на клима-уредот и одржувањето оптимална температурна разлика се клучни фактори за постигнување енергетска ефикасност и пониски сметки. Појавата на првите летни горештини и...

ЗАПОЧНА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АРМ ВО ШТИП: Ќе бидат прикажани опрема, возила и способности на единиците на македонската армија

Армијата на Република Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти...

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна....

МВР ЗАБРАНИ ДА СЕ ДОАЃА ВО БЕРМУДИ, МИНИ, СО ГОЛ ПАПОК И СО ВЛЕЧКИ ЗА СЛИКАЊЕ И ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, ИСТОТО ВАЖИ...

Министерството за внатрешни работи (МВР)  објави Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи  и бара отсега да...

МУ ЈА УКРАЛ КАРТИЦАТА НА ЏОНИ ДЕП И ТРОШЕЛ ПАРИ 2 ГОДИНИ – Актерот не забележал дека некој му ја празни банкарската картичка

27-годишен Јорданец е уапсен во Будимпешта под сомнение дека ги украл податоците од банкарската картичка на Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти...
spot_img