На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип ќе ги угости најдобрите винарии од регионот и ќе им овозможи на штипјани да бидат дел од еден модерен, елегантен, ројал настан.
Имено, како најавуваат од организација, винскиот салон под името “Приказна во чаша” ќе се биде еднодневен фестивал, кој ќе започне во 16:00 часот. За 17:00 е предвидена винска работилница, на која ќе биде организирана вертикална дегустација од страна на енологот Атанас Рунчев, вработен во винаријата Имако.
На фестивалот, посетителите ќе можат да дегустираат вино на преку 15 штандови на познати винарии. Освен тоа, предвиден е гастрономски агол, каде “шеф” Лука Миташев во живо ќе приготвува закуски, а гостите ќе можат да вкусат една симфонија на внимателно одбрана храна со винска голтка. Нормално, целиот фестивал ќе биде пропратен со музички дел.
Сите детали за настанот….во деновите што следат.







