13.9 C
Shtip
spot_img

Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите.

Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто.

Според Стојкоски, освен клуч на врата, тие ќе бидат и парично казнети.

-Се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи маркети. Инспекторите се постојано на терен, контроли спроведуваме континуирано и така ќе продолжиме, информира директорот на прес-конференција.

Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.

Од 24 февруари до 6 март се извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо со што се опфатени над илјада малопродажни и големопродажни места. Притоа се констатирани вкупно 36 неправилности и се издадени прекршочни платни налози од 42 000 евра.

━ повеќе содржини

Викендов „Генералка викенд“ во Штип!

Викендов, започнува „Генералка викенд“. Во Општина Штип ќе се чистат локации во централното градско подрчаје, кои се мапирани цела година и на кои е...

Дел од центарот на Штип, клиничка болница, реонот околу судот останаа без струја

Без елекрична енергија остана дел од централното градско подрачје во Штип. Според информации од веб страницата на ЕВН, кога се во прашање прекини во...

Финска ја ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди

Финска донесе закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на часовите во основните и средните училишта, поради...

Работа од соништата! Бесплатни патувања низ светот и плата близу 120.000 евра

Замислете да патувате низ светот, од Јапонија, преку Мароко до Скандинавија и да уживате во убавините на локалните ентериери и за сето тоа да...

Го чисти црниот дроб како од шала! Ова овошје е чистач на токсини во телото

Нутриционист открил дека јадењето боровинки помага во чистење на црниот дроб, но не смеете да претерувате со ова овошје. Црниот дроб е втор најголем орган...
spot_img