21.4 C
Shtip
spot_img

Започна реконструкцијата на покривот на штипската гимназија

Официјално почнаа активностите за реконструкцијата на кровот на СОУ Гимназија Славчо Стојменски во Штип. Работите се одвиваат во дворот на гимназијата, каде е обезбедено соодветно сообраќајно решение за достава на градежниот материјал. Градоначалникот Иван Јорданов, рече дека паралелно се работи и на реконструкција на училишната спортска сала во ОУ Тошо Арсов, каде што градежните активности се во полн ек. Како што информираше тој, во текот на оваа недела се очекува да биде распишан и тендер за санација и на спортската сала во ОУ Димитар Влахов.

,,Се работи на промена на кровот во централното градско подрачје. Имајки во предвид дека сообраќајот е доста фрекфентен, овде е предвидено да се работи во дворот на гимназијата Славчо Стојменски, но и со соодветно сообраќајно решение да се врши достава на материјалот во однос на изградбата на кровот. Она на кое што се работи во моментот е реконструкција на училишната спортска сала во ОУ Тошо Арсов, таму веќе се започнати активностите. Паралелно се очекува во текот на оваа недела да се распише тендер за реконструкција на училишната спортска сала во ОУ Димитар Влахов. Се работи и во дворот на ОУ Тошо Арсов.“, рече Јорданов

Директорката на гимназијата Весна Ристова, истакна дека оваа инвестицијата е голема, па остана благодарна на МОН и локалната самоуправа за тоа што ова училишта стана едно од приоритетните во државата.

,,Денес започна официјално реконструкциајта на кровот на гимназијата и на спортската сала. Тоа претставува една голема инвестиција, благодарение на разбирањетѕо на МОН и локалната самоуправа, кои што нашето училиште го ставија во приоритетните училишта на Македеонија и препознаа дека на ова училиште е потребно да се реконструира кровот. Динамиката ќе почнува во раните утрински часови, согласно временските прилики.“, рече Ристова.

Инаку, Јорданов дополнително информираше дека сите овие инвестиции се во планот на Општина Штип и на ресорното министерство за образование. Oстанува дециден дека училишниот распуст ќе биде право време за да се обноват и реконструираат училиштата.

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img