Овен
Денес романтиката е последното нешто на што ќе се сетите. Преземете смели чекори кон остварување на целите кои си ги задавате себеси и сконцентрирајте се на работата, за да ги избегнете грешките. Околината, поточно семејството ќе ви бидат поттик и поддршка за да чекорите храбро во бурниот живот. Денес ќе слушнете некоја позитивна вест. Можни се повреди. Не претерувајте и одмарајте се повеќе.
Бик
На полето на љубовта ќе превладува сигурност, а пријателите ќе ви биде главен извор на вашата сила во текот на целиот ден. Можете да разговарате со вашиот шеф за унапредување или за зголемување на платата – постои шанса да постигнете успех. Ако ви треба помош денес – емоционална, финансиска или друга, контактирајте со пријател. Бидете внимателни во сообраќајот.
Близнаци
Скромноста и едноставноста се ваши особини кои ги имате, а кои ќе бидат пресудни за потенцијалните партнери. Обидете се да размислите многу и да се фокусирате на можностите за професионален развој, а не на она што не ви се допаѓа. Ве очекува динамичен ден – може да преуредувате во вашиот дом или да патувате. Полето на здравје е нагласено низ генерално поволни аспекти. Можни се мали проблеми поврзани со вкоченост и грбот.
Рак
Партнерот ќе ја преземе контролата во врската, но ќе го дозволите тоа. Во работата ве очекуваат длабоки трансформации, многумина ќе сакаат да ја ориентираат работата поинаку, веројатно заситени од помалку возбудливата страна на професијата. Сепак, ако барате нова работа, ќе ја најдете! Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Спијте повеќе.
Лав
Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Претпоставените на работното место ќе бидат задоволни од вашата посветеност, но не заборавајте дека е важно да посветите и време на себе, на љубовта и на семејството. Со нешто сте незадоволни и колку и да се обидувате да го сокриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто. Можно е да сте на некого љубоморни или пак вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е сржта на сите ваши проблеми. Доколку не почнете да внимавате на вашето здравје наскоро ќе ги почувствувате последиците.
Девица
Поради различните мислења и интереси, ќе доживеете мала караница со партнерот. Но, не грижете се непотребно, напнатоста во воздухот ќе исчезне. Тешкотии на ова поле не се исклучени особено ако сте веќе „заглавени“ со кредити. За доброто и среќата во домаќинството, важно е да се одржи добра рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот. Време е да се продолжи со спорт или да се прекинат некои лоши навики.
Вага
Општествениот живот ќе биде поинтензивен и ќе имате можност да се сретнете со нови личности поточно со вистинската личност која ви одговара и со која ќе имате совршена хармонија. Вие знаете да бидете тврдоглави и непопустливи, важно е да се наоружате со трпение и толеранција, особено во односите со колегите кои не се многу продуктивни на работа и кои ве оптеретуваат со прашања кои се неважни и досадни. Фокусирајте се на градење кариера и на зацврустување на однсоите со луѓето,но уживајте во задоволствоот што ви го дава животот. Психофизичка форма: одлична! Ова е вистинскиот момент за полнење на батериите со позитивна енергија и на крај да излезете од хронични болести.
Скорпија
Ќе предизвикувате внимание каде и да се појавите, но нема да знаете кого да одберете. Не двоумете се да побарате унапредување или да започнете проект: имате голема можност да добиете позитивен резултат! Многу е веројатно денес да го промените радикалното мислење за некои блиски личности. Умствено сте многу силни, а и физички ќе се чувствувате добро.
Стрелец
Иако љубовта ќе цвета, потрудете се да бидете посериозни и со партнерот да ја испланирате иднината, а не само да се сконцентрирате на сегашноста бидејќи и сами знаете дека фазата на заљубеност не трае предолго. Со оглед на тоа што сте навикнати да држите сѐ во себе и да не им се спротиставувате на надредените, може да се случи поради замор да бидете под голем стрес. Премногу сериозниот пристап кон животот нема да ви користи никако, но што и да се случи, смислата за хумор ќе ви биде прв помошник. Подобрување на здравствената состојба, особено ако сте боледувале од некој вирус.
Јарец
Иако љубовта ќе цвета, потрудете се да бидете посериозни и со партнерот да ја испланирате иднината, а не само да се сконцентрирате на сегашноста бидејќи и сами знаете дека фазата на заљубеност не трае предолго. Со оглед на тоа што сте навикнати да држите сѐ во себе и да не им се спротиставувате на надредените, може да се случи поради замор да бидете под голем стрес. Премногу сериозниот пристап кон животот нема да ви користи никако, но што и да се случи, смислата за хумор ќе ви биде прв помошник. Подобрување на здравствената состојба, особено ако сте боледувале од некој вирус.
Водолија
Љубовен живот ви е во подем така што сите ќе добивате само комплименти. Емоциите сигурно ќе влијаат на вас. Денот е погоден за средби со луѓе и за комуникација. Ќе бидете повикани на семејна свеченост или на некоја друга прослава каде ќе бидат присутни многу млади лица. Можни проблеми со хормони, штитна жлезда и алергии.
Риби
Вечерта обратете внимание на својот сакан човек и обидете се да дознаете какви се неговите/нејзините грижи и планови. Денес некој ќе ви помогне да завршите започната обврска и ќе ве научи дека заедно сте посилни. Не игонорирајте ги пријателите, поканете ги на ручек и разговарајте за интересни работи. Ќе бидете подложни на инфекции, воспаленија, но и повреда од остри предмети. Поминувајте го слободното време на чист воздух.