9.3 C
Shtip
spot_img

Дневен хороскоп – среда |12.03.2025|

Овен

Ќе бидете доволно објективни за да можете да се посветите на важните одлуки. На работното место искористете ја можноста за преговарање и ќе го добиете тоа што сакате. Ако сте во врска, потребна ви е промена во секојдневието со партнерот. Ако сте сингл, пробајте да се ослободите од негативните мисли. 

Бик

Лошите мисли ќе владеат цел ден и нема да ви дозволат да се придвижите напред. На работното место ќе бидете премногу нападни, а ова може да им пречи на некои колеги. Ако сте во врска, пробајте да најдете време за некоја нова активност со партнерот. Доколку сте сингл, ве очекуваат добри вести.

Близнаци

Денешниот оптимизам ќе ви донесе среќа, особено кога станува збор за пријателства. На работното место ќе треба да се справите со проблем од минатата година – овој пат најдете му решение. Ако сте во врска, можни се недоразбирањата со партнерот. Ако сте сингл, ќе ѝ се допаднете на личноста што ве привлекува.

Рак

Ќе бидете порелаксирани, па ќе можете да се посветите на работите што сте ги запоставувале. На работното место мора да направите промена и да бидете пофлексибилни ако сакате да оставите добар впечаток. Во љубовта пробајте да се ослободите од лошите емоции и не дозволувајте да владеат со вас.

Лав

Држете се настрана од негативни луѓе и не дозволувајте да имаат влијание врз вас. На работното место можно е да слушнете некои гласини, но немојте премногу да се потпирате на нив. Доколу сте во врска, направете компромис со партнерот. Ако сте сингл, мора да направите стратегија.

Девица

Мислите ви стануваат појасни, па денес фокусирајте се на важните лични цели. На работното место ќе бидете преплавени со обврски, но ќе мора да најдете начин да ги завршите, и покрај стресот. Во љубовта владее хармонија. Ако сте соочени со дилема, денес ќе ги добиете потребните одговори.

Вага

Ќе добиете поддршка што ќе се покаже особено корисна за месец-два. На работното место полесно ќе се фокусирате на практичниот дел од работата и нема да се соочите со некој проблем. Ако сте во врска, разговарајте со партнерот за вашите лоши животни навики. Ако сте сингл, внимавајте на вашето однесување.

Скорпија

Станувате свесни за вашите грешки и ќе сакате да се доверите. На работното место обрнете внимание на односот со колегите и пробајте да бидете подружељубиви. Ако сте во врска, нема да ви бидат јасни поплаките на партнерот. Ако сте сингл, не дозволувајте еден неуспех да ве обесхрабри.

Стрелец

Ќе делувате инстинктивно, но денес можете да се потпрете на вашата интуиција. На работното место останете смирени и не дозволувајте другите да ве провоцираат. Ако сте во врска, поминете ја вечерта со партнерот. Ако сте сингл, бидете поскромни за да не си ги уништите шансите за среќа.

Јарец

Почнувате да гледате резултати од изминатиот труд, а ова ќе ви даде дополнителен поттик. На работното место пробајте да се покажете во добро светло и наскоро ќе бидете наградени. Во љубовта потребна ви е промена, но ова не значи дека треба да брзате со одлуки.

Водолија

Добро размислете пред да направите што било и ќе ги избегнете непотребните проблеми. На работното место мора да се потрудите повеќе ако сакате да оставите добар впечаток. Во љубовта нештата се добри. Ако сте сингл, можна е средба со интересна личност.

Риби

Ќе се чувствувате навистина добро, а разговорите со другите ќе ви бидат инспиративни. На работното место ќе го добиете заслуженото признание, а можно е и да бидете наградени. Ако сте во врска, разговарајте со партнерот за вашите чувства. Ако сте сингл, вечерва среќата е на ваша страна.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img