13.4 C
Shtip
spot_img

Детали за пожарот во дискотека во Букурешт во 2015 година

Пожарот во дискотека во Букурешт од 2015 година разоткри корупција во романското здравство и резултираше со оставка на премиерот. Покрај 24-те загинати во пожарот, починале уште над 30 повредени поради несоодветна медицинска нега.

По трагедијата во дискотеката во Кочани, деновиве честопати се спомнува сличен инцидент од Романија – пожарот во дискотека во Букурешт поради кој загинаа 64 лица.

Покрај безбедносните пропусти во дискотеката, трагедијата разоткри и многу поголема корупција во здравството на Романија, што резултираше со оставка на тогашниот романски премиер.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-10.JPG

Како настанал најсмртоносниот пожар во историјата на Романија?

Клубот „Колектив“ (Colectiv) бил отворен во 2013 година, во поранешна фабрика за чевли.

На 30-ти октомври 2015 година, романскиот метал бенд Goodbye to Gravity имал концерт во дискотеката, по повод издавањето на нивниот нов албум.

Влезот бил бесплатен, а бендот најавил и шоу со пиротехника.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-7.JPG

Концертот почнал во 21 часот, а околу 22:30 почнало шоуто со пиротехника.

Речиси веднаш, искра од огнометите ја запалила пената за звучна изолација на таванот која била направена од лесно запалив материјал.

Пожарот се проширил во секунда, по што се срушил таванот.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-06.JPG

Само две минути подоцна била повикана противпожарна служба, а во дискотеката веќе владеел хаос.

Исто како во дискотеката во Кочани, од локалот имало само еден излез, па кога сите гости тргнале кон него, се создало стампедо.

Вратата не била целосно отворена, па луѓето буквално се качувале едни врз други со надеж дека ќе се спасат.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-04.JPG

Голем дел од загинатите биле повредени во стампедото, дел вдишале токсични гасови кои се ослободиле од пожарот, а многумина се здобиле и со тешки изгореници.

Први на местото пристигнале неколку лекари и медицински сестри од болница во непосредна близина, а неколку минути подоцна пристигнала и противпожарната служба.

На преживеаните им била укажана прва помош, а потоа биле пренесени во болници низ Букурешт со брза помош и такси возила.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-03.JPG

Многу од луѓето кои живееле во околината и имале автомобили исто така превезувале пациенти.

Во дискотеката загинале 27 лица, а околу 180 биле повредени.

Во наредните неколку недели, дури 37 од хоспитализираните им подлегнале на повредите.

И, тогаш се открил можеби најголемиот скандал во здравствениот систем на Романија – голем дел од хоспитализираните починале поради несоодветна медицинска нега.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-02.JPG

Непосредно по пожарот, многу од повредните биле испратени во други држави бидејќи Романија немала средства и услови да им помогне на сите.

Но, пред да бидат испратени во странство, дел од повредените поминале неколку денови во романски болници каде што се заразиле со бактериски инфекции.

Лекарите од другите земји ги забележале заразите и целата ситуација им делувала чудно бидејќи такви бактерии можело да се најдат само во воени зони, како во Авганистан, а најмалку во болница со стерилна околина.

Во 2016 година, по независна истрага од страна на некои лаборатории, се открило дека средствата за дезинфекција во романските болници се всушност разредени до тој степен, што не биле ни ефикасни.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-08.JPG

Фармацевтската фирма одговорна за снабдување на болниците – Hexi Pharmа – била одредена од страна на тогашниот премиер.

Фирмата снабдувала околу 340 болници со средства за дезинфекција.

Иако со години имало индикации дека средствата за дезинфекција во романските болници не ги исполнуваат стандардите, дури трагедијата во дискотеката и необјаснивата смрт на оние со полесни повреди поттикнала истрага.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-05.JPG

На 6-ти мај 2016 година, над 500 луѓе излегоа на протест во Букурешт, а два дена подоцна, министерот за здравство си поднесе оставка.

Премиерот, пак, ја напушти функцијата пред крајот на мај истата година.

Сопственикот на фармацевтстката компанија загинал во сообраќајка пред да се разоткрие аферата, додека во мај 2016-та беше уапсен генералниот менаџер.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-09.JPG

За пожарот, пак, беа уапсени осум лица, вклучувајќи ги и сопствениците на дискотеката.

Сите осум беа прогласени за виновни и добија по неколку години во затвор – вкупно 61.

Најдолга казна доби едниот од сопствениците – 11 години и 8 месеци.

За пожарот и настаните кои водат до разоткривање на корупцијата е снимен и документарец – Collective – кој доби две номинации за Оскар во 2021 година.

━ повеќе содржини

Промена во наплатата за паркирање поради летното сметање на времето

‼️Известување‼️ 🅿️Поради започнување со летното сметање на времето, наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип од 01.04.2025 година (Вторник) ќе се...

Дел од повредените во трагедијата во Кочани, се рехабилитираат во одделението за физикална терапија во Штип

Почна приемот на повредни пациенти од дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Раководителот на Одделението за физикална терапија...

“Пиротехниката во затворен простор” ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички...

Научниците пресадија црн дроб од свиња на човек!

Операцијата се случи во Кина. Ова е првпат свински црн дроб да биде пресаден на човек. Претходно се пресадуваа срце и бубрези од свиња. Научниците...

Денес игра КК Соколи!

Денеска со почеток во 18:00 часот, во салата "Јордан Мијалков" домашната екипа на КК Соколи 1933 го пречекува гостинот од Струга, екипата на Црн...
spot_img