13.2 C
Shtip
spot_img

Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден?

Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња за на влезна врата или за на глава за бериќет, здравје и плодност – дел од многуте обичаи поврзани за Ѓурѓовден, празникот со кој се слави пролетта.

Денес, на 6-ти мај, се празнува Ѓурѓовден, најголемиот христијански празник од пролетниот циклус, во чест на Свети Ѓорѓи Победоносец, а име слават Ѓорѓија, Ѓорѓи, Ѓоко, Ѓурѓица, Ѓурѓа, Ѓуро…

Овој светец се смета за симбол на храброста, верата и борбата против злото, па токму така е претставен на иконата, како воин кој убива ламја.

Според житието на Свети Георгиј (кое можете да го прочитате на официјалниот веб-сајт на Бигорски манастир), светецот бил роден во Кападокија, како син на богати, но чесни и побожни родители, но сепак, некои извори велат дека бил роден во Бејрут, околу 270 година.

Георгиј служел во војска, а кога наполнил 20 години, стигнал до чин трибун и бил на служба кај царот Диоклецијан. Токму овој цар почнал да ги гони христијаните, по што Георгиј истапил во нивна одбрана и му кажал дека и тој е христијанин.

За да го казни, царот го затворил во самица и наредил нозете да му ги стават во клада, а на градите да му стават камен.

Додека траело сето ова мачење, Георгиј не престанувал да му се моли на Бог кој, пак го исцелувал и го спасувал од смртта.

Бидејќи Георгиј ги преживеал сите страдања, многу луѓе го прифатиле христијанството, вклучувајќи ја и сопругата на царот – Александра.

Инаку, Ѓурѓовден се празнува во голем број домови во Македонија, но се смета и за еден од најпразнуваните денови во регионот помеѓу словенските народи. 

На овој празник се празнува природата, почетокот на пролетта, будењето на вегетацијата, расцутувањето и никнувањето на плодови, но и животот воопшто.

Кај нас се смета дека со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината, што трае до Митровден, па една од народните поговорки гласи: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“.

Освен што се празнува во црква, со литургија, денот е поврзан со голем број обичаи и верувања, кои се пренесуваат од генерации на генерации низ словенските народи.

Некои се препознатливи за нашиот регион, но истите може да се разликуваат во разни краишта, па некои дури и се преземаат од соседството.

Дел од обичаите се капење со утринска роса, бидејќи се смета дека има магична моќ и носи здравје, потоа рано наутро се берат гранчиња, билки и цвеќиња од кои се прават венчиња.

Според некои обичаи, венчињата кои се прават се ставаат на влезната врата, а многу млади девојчиња ги ставаат на глава за да носат бериќет, да чуваат од зло и опасности.

Исто така, со билките кои се берат, утрото се крми стоката, со верување дека ќе биде поотпорна на болести во текот на целата наредна година.

Друг обичај поврзан со празникот е лулањето на дебела ортома или јаже закачено на зелено дрво, додека во раката се држи сребрен предмет кој носи долговечност или коприва која поседува магиска моќ, а при лулањето се пеат песни соодветни на тоа дали станува збор за деца или за млади невести.

Низ разни краишта има уште голем број обичаи и верувања поврзани со овој ден, на многу места се изведуваат и магиски обреди – кои ги знаете вие? 

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img