15.3 C
Shtip
spot_img

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција, Украина, Молдавија и Грузија). Светската ромска унија и Советот на Европа проценуваат дека има околу 400.000 Роми кои живеат во Украина. Ромската заедница долго време се соочува со нееднаквости, социјална исклученост, дискриминација и маргинализација. 80% од Ромите се во опасност од сиромаштија, споредено со просечниот ризик од 17% во ЕУ.

Меѓународниот ден на Ромите, кој се одбележува на 8 април, претставува важен глобален датум посветен на ромската култура, историја и идентитет, но и на предизвиците со кои оваа заедница сè уште се соочува. Во 2026 година, одбележувањето повторно ја става во фокус потребата од еднакви можности, борба против дискриминацијата и поголема социјална инклузија и на светско ниво и во национални рамки, вклучително и во Македонија.

Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем (ромски): „Одев, одев“ и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.

Света и Велика Среда – ден за испитување на совеста и искрено покајание

Денешниот ден од Страсната седмица, Светата и Велика Среда, пред нас поставува две патеки на човечкото срце, едната која води кон вечното светло преку солзите...
spot_img