33.9 C
Shtip
spot_img

Грчка плажа прогласена за најубава во Европа

Најубава плажа во Европа за 2025 година е прогласена плажата Гларокавос на полуостровот Касандра во регионот Халкидики во северна Грција.

Престижната титула за најубава плажа во Европа, грчката плажа Гларокавос ја доби врз основа на гласање на патници од целиот свет, организирано од EBD (European Best Destinations).

Сончевите брегови на Касандра, најзападниот крак на „трозабецот“ Халкидики, привлекуваат со миксот од плажи, живописни приморски села и смирувачки природни извори. Меѓу Палиури и Пефкохори, веднаш по плажата Голден Бич, се наоѓа Гларокавос. Плажата е сместена во истоимената лагуна, а се нарекува и „Сино езеро“.

Срцата на посетителите ги освоила со својата прекрасна природа – тиркизно море опкружено со борови, мирот што го зрачи и богатството на културни атракции во близина. Лагуната е многу популарна кај семејствата, но и кај кајакашите и веслачите. Еден дел од плажата е опремен со лежалки и други туристички содржини, додека другиот им овозможува на туристите да уживаат во недопрена природа.

Во продолжение се топ 10 плажите:

Port Glarokavos Lagoon Beach – Kassandra Peninsula, Chalkidiki, Greece

Cala Brandinchi – Sardinia, Italy

Cala Pregonda – Menorca, Spain

Cala Luna – Sardinia, Italy

Gale Fontainhas Beach – Grândola, Alentejo, Portugal

La Pelosa Beach – Stintino, Sardinia, Italy

Playa de Los Muertos – Carboneras, Almería, Andalusia, Spain

Assos Beach – Kefalonia, Greece

Banje Beach – Dubrovnik, Croatia

Gulpiyuri Beach – Llanes, Asturias, Spain

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img