10.9 C
Shtip
spot_img

Грците веќе ги објавија цените за сместување за лето 2026 година

Одредени сопственици на апартмани веќе ги објавиле понудите за сместување со цени за претстојната сезона. Во продолжение се прикажани цените за период од мај до август за Грција.

Сопствениците на апартмани на Халкидики веќе почнале да ги објавуваат цените за наредното лето, а еден пример од Калитеа јасно покажува што може да очекуваме кога станува збор за популарните дестинации.

На социјалните мрежи кружи видео кое ја прикажува една од, како што се наведува, најубавите плажи на Касандра со детален опис за сместување којшто се наоѓа во нејзина непосредна близина.

Станува збор за апартман во Калитеа, сместен во помал комплекс зграда, во вториот ред од морето, што е локација која високо котира кај туристите.

Овој конкретен пример дава одличен увид во тоа како ќе се движат цените за лето 2026.

Што нуди?

Апартманот којшто служи како репер за формирање на буџетот е опишан како просторен објект (двособен стан) којшто може да прими до шест лица. Се истакнува со „open space“ концепт на дневна соба и кујна, како и две тераси од двете страни на објектот, што овозможува природна околина и комфор.

Посебен адут којшто ја диктира цената е локацијата: објектот се наоѓа на 70-на метри од морето, а гостите до плажата одат по патека која од дворот се протега до таму, без потреба за преминување улица.

Исто така апартманот е опремен со машина за перење алишта, што е важна ставка за семејства кои остануваат подолго од 10 дена.

Предсезона и потоа

За оние кои можат да си дозволат одмор надвор од училишниот распуст, мај и септември, цените се поповолни, но и натаму не се баш ниски на премиум локациите.

Мај: Цената изнесува 115 евра од ноќ. Ако во апартманот престојуваат 6 лица, тој износ е помалку од 20 евра по лице.

Јуни: Како што доаѓа летото, цените се зголемуваат. Во јуни распонот на цените е 115 евра до 150 евра од ноќ, во зависност од тоа дали го бирате почетокот или крајот на месецот.

Септември: Цените се идентични и се движат во распон од 115 до 150 евра од ноќ.

Во екот на сезоната

Јули и август се месеците кога најголем дел од туристите одат на море, а цените тогаш се највисоки.

Јули и август: За овој апартман потребно е да издвоите фиксни 200 евра од ноќ.

Иако на прв поглед 200 евра дневно делува како висока цена, сумата сепак се дели во зависност од тоа колку луѓе сте во апартманот. Доколку сте две семејства или поголемо друштво, цената ќе изнесува околу 33 евра по лице.

Овој оглас потврдува тренд којшто е присутен веќе неколку години – близината на плажите, директниот излез на море и ентериерот влијаат на цената.

━ повеќе содржини

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Со сопругата Мина ја доби ќерката Лола, име кое родителите заеднички го избраа. За брачната двојка...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил...

Лукоил продаден на Американци

Вториот најголем руски производител на нафта, Лукоил, соопшти дека постигнал договор за продажба на поголемиот дел од своите средства во странство на американската инвестициска...

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е...

Најактуелните филмови и серии на Нетфликс!

Анимираниот филм „Кеј-поп: Ловци на демони“ стана најгледан филм на „Нетфликс“ во период од шест месеци, со што дефинитивно ја зацврсти својата позиција како...
spot_img