31.5 C
Shtip
spot_img

Во Штип презентирани придобивките од изградбата на соларниот парк „Стипион“

Во Штип денеска на интерактивна работилница се презентираа придобивките од изградбата на најголемиот фотоволтаичен парк во земјава, на местото каде што требаше да се гради карго аеродромот, а на територија на општините Штип и Свети Николе.

Директорот на компанијата Акуо Катинка Рамбер истакна дека фотоволтаичната централа треба да произведува 400 мегавати електрична енергија и ќе биде најголем сончев парк во земјите од Западен Балкан.

-Убедени сме дека изградбата на соларниот парк ќе го завршиме во 2027 година. Неговата изградба ќе трае од 12 до 18 месеци, вели Рамбер.

Славе Ивановски, експерт за енергетска политика, забележа дека оваа сончева централа ќе придонесе и на намалување на увозот на електрична енергија.

-Оваа централа е од 400 мегавати и мислам дека ќе биде доволно за еден град со 30.000 до 40.000 жители, ќе придонесе за снабдувањето и сигурноста на системот во државата, но и ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија, што е и клучно прашање, изјави Ивановски.

Во проектот е вклучен и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, односно студентите од неколку факултети, кои ќе имаат практична настава при поставување на фотоволтаици, но и одгледување на земјоделски производ.

-Студенти ќе бидат вклучени во конкретни активности и во поставувањето на самиот парк, но и во изградбата на нивните станици, изјави Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната интерактивна работилница додаде дека Штип станува лидер во искористувањето на зелената енергија.

-Штип во последно време прераснува во енергетски центар заради природниот потенцијал што го има, а тоа е сончевите денови, присуството на ветер. Најавени се многу инвестиции во обновливи извори на енергија, рече Јорданов.

Инвестицијата за изградбата на соларниот парк „Стипион“ е предвидено да чини околу 300 милиони евра.

━ повеќе содржини

Во кои европски земји се најскапи, а во кои најефтини намирниците за живот?

Иако инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) е 2,6 проценти, најновите податоци од Евростат покажуваат големи разлики во цените на основните прехранбени производи меѓу земјите-членки. Лебот, житарките...

Српската пејачка Марија Микиќ направи скандал на протестите во Белград!

„Одеднаш сите почнаа да викаат, да го удираат автомобилот, да го тресат. Една девојка легна пред мојот автомобил, друга снимаше како, наводно, се обидувам...

Спортски Штип се сеќава – пред точно 61 година се случи трагедијата со автобусот на ФК Брегалница

На денешен ден, 2 јули, пред точно 61 година, фудбалската експедиција на Брегалница Штип доживеа една од најголемите трагедии во својата историја – настан...

На 28 години почина порно актерката Кајли Пејџ

Кајли, која е позната во индустријата од 2016 година, беше активна на социјалните мрежи, особено на Instagram, каде што имаше речиси 400.000 следбеници. Таму...
spot_img