10.8 C
Shtip
spot_img

Во Штип денес се одбележа Денот на пожарникарите!

Денес, 20 мај, во ТППЕ Штип го одбележуваме Денот на пожарникарите на Република Македонија ден посветен на сите храбри мажи и жени кои секојдневно ја ставаат својата безбедност во втор план за да го заштитат животот, имотот и природата околу нас.

Овој ден е потсетник на пожртвуваноста, професионалноста и човечноста што пожарникарите ја носат со себе во секоја интервенција. Тие се меѓу првите кои се соочуваат со опасноста, без разлика дали станува збор за пожар, природна непогода, сообраќајна несреќа или спасување на човечки животи. Нивната работа често е невидлива, но нејзината важност е огромна.

Со признание и благодарност се сеќаваме и на сите пожарникари кои ја положиле својата храброст на највисокиот начин со сопствениот живот. Нивната посветеност ќе остане трајно врежана во нашата колективна меморија.

Денес им оддаваме чест, но и поттик да продолжат со истата сила, дисциплина и храброст. Нека овој ден биде симбол на солидарност, единство и поддршка кон сите припадници на пожарникарските служби во нашата држава.

Им посакуваме многу успех, безбедност во работата и што помалку интервенции.

Среќен Ден на пожарникарите!

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img