12.4 C
Shtip
spot_img

Во недела Штип е домаќин на првиот билјард турнир во 2026 година

Во недела ќе се одржи првиот турнир на билјард клубот Штип за 2026 година, интересот е многу поголем во однос на минатата година. Како што вели Кире Донев од билјард клубот Штип за М Нет телевизија, подготовките за првиот турнир за 2026 година течат во најдобар ред, а се очекува повеќе од десет часа игра.

„Подготовките течат перфектно за 2026 година работи со полна пареа. Заинтересираноста е многу поголема од ланската година. Ова недела имаме прв турнир во Штип каде што веќе сите места се пополнети. Тоа многу не радува што оваа година да кажам, навистина има многу поголема заитересираност. Сега имаме една билјард маса се очекува пак да биде играта околу 12 до 13 часа. Стартуваме во недела во девет часот наутро, па се до завршувањето на турнирот, но сигурно ќе биде ќе биде 12 до 13 часа игра“, ни изјави Кире Донев.

Клубот останува посветен и со настап на Државното првенство, но штипјани ќе учествуваат и на меѓународни турнири, а интересот за овој спорт во Штип е се поголем, а клубот бележи нови членови. Како што вели Донев размислуваат клубот да се пресели и во поголеми простории, каде би имале можност за повеќе маси, а притоа ја истакна и поддршката која ја добиваат од општината и градоначалникот Иван Јорданов.

„Секако тоа, значи овде на Државно првенство останува секако да го играме во Скопје, планираме да учествуваме и на Балканско првенство, се прават планови да се оствари и тоа. Значи интересот е зголемен оваа година многу повеќе, значи имаме нови членови, што тоа не мотивира, многу радува и еве веќе со колегата Љупче Козарев разговараме, работиме на некоја идеја за отварање на поголемо место со повеќе маси. Исто така, голема благодарност и до општината и градоначалникот Иван Јорданов, значи и тие се сега вклучени во нашиот проект и се надеваме дека овој проект ќе порасне во нешто поголемо оваа година. Кај дамите реално се’ уште нема интересност, но еве пак ќе кажеме значи овој спорт не гледа граници за години, не гледа граници за пол, така да секој што е заинтересиран може слободно да не контактира, да дојде, значи ќе биде пречекан како што треба, објаснето ќе му биде се, значи секој што е заинтересиран може да учествува во се“, дополнува Донев.

Билјард клубот Штип е првиот професионален клуб за овој спорт во градот, кој со работа започна пред нешто повеќе од една година. Интересот е голем, членовите во клубот се зголемуваат, а веќе се размислува и за поголема просторија со повеќе маси, бидејќи постоечките простории веќе стануваа мали.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница е во пол-позиција за пласман во прва лига!

Штипските сини уше еднаш ја потврдија одличната форма во овој дел од првенството со уште една важна победа против директен конкурент за влез во...

Утре е Благовец: Празник на добрата вест и почетокот на пролетта

Македонските православни верници утре го одбележуваат Светото Благовештение, празник кој во народот е познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник секогаш паѓа...

Шокантно: 43кг хашиш испливале на грчка плажа!

Морето исфрли речиси 43 килограми хашиш на Родос, во момент кога грчките власти веќе биле на терен по добиена дојава. На плажата Плимири, во...

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

За секое јајце да остане цело, мазно и совршено, ви носиме детални, проверени совети кои ќе сакате да ги земете предвид секојпат кога ќе...

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Артемис II беше лансиран во средата, 1 април. Тимот Артемис, составен од Рид Вајзмен, Виктор Гловер, Кристина Ко и Џереми Хансен, се наоѓа на...
spot_img