12.3 C
Shtip
spot_img

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката, каде беше презентирана модернизацијата на производството.

Беше нагласено дека Владата дала поддршка во процесот на инвестирање, при што сопствениците на компанијата искористиле заем за вложување во нови производствени линии и современа технологија.

„За мене навистина претставува големо задоволство што и ние како Влада на некој начин придонесовме овој производствен капацитет да добие поинаква физиономија. Сопствениците на ‘Актива Штип’, користејќи го заемот за кој зборувавме и претходно, инвестираа во нови производствени капацитети кои носат значајна додадена вредност, како за македонската економија, така и за локалната економија овде во Штип“, беше посочено при посетата.

При увидот во производствениот процес беше истакнато дека модерната технологија, особено роботските системи кои паралелно работат во производството, претставуваат значаен чекор кон зголемување на продуктивноста и конкурентноста на компанијата.

„Од она што имав можност да го видам, но и од една поинаква перспектива, како машински инженер, можам да кажам дека сум исклучително пријатно изненаден и навистина воодушевен, особено од роботските системи кои паралелно работат, произведуваат и создаваат додадена вредност“, беше нагласено.

Ова, како што беше посочено, има големо значење за државата, за Владата, но и за локалната економија во Штип, која директно има бенефит од развојот на производствените капацитети.

Од Владата порачаа дека и во иднина ќе продолжат со политики и мерки кои ќе овозможат македонските компании да се развиваат и да придонесуваат за економскиот раст на државата.

━ повеќе содржини

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...

Во март ќе има линеарно зголемување на пензиите

Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја запре постапката, соопштија од Уставниот суд. Во сила останува линеарното зголемување на пензиите. Отпадна...

Македонија има нов милионер! Падна седумката на лото

Во 18-тото коло беше извлечена главната премија „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче било уплатено во Кавадарци. Добитната комбинација што му...

Пониски сметки за телефон – Македонија може да влезе во ЕУ роаминг системот

Веќе еден месец граѓаните на Молдавија не мора да се грижат дека ќе добијат високи сметки за мобилен интернет при патување во Европската унија....

Јаткасти плодови кои помагаат во намалување на крвниот притисок

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, влакна, здрави масти, витамини и минерали, а нивното редовно консумирање може да помогне во одржувањето на крвниот...
spot_img