15.6 C
Shtip
spot_img

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена!

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.  

Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи. 

– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.

Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

━ повеќе содржини

5 забавни рецепти за домашни сладоледи на стапче

Сакате нешто слатко и ладно, но внимавате на шеќерот? Овие рецепти за домашни сладоледи имаат помалку од 150 калории и се совршени за сите...

ДЕНЕС, 9 јули, е најкраткиот ден во историјата: Земјата ја забрзува својата ротација поради месечината

Земјата го забрзува своето вртење – денот ќе биде пократок за 1,3 до 1,6 милисекунди Поради специфичната положба на месечината, ова лето Земјата почна да...

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се...

Три години од смртта на проф. д-р Методи Чепреганов

На 86-годишна возраст почина проф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија. Д-р Чепреганов до смртта беше активен во својата професија. Неодамна тој објави...

Важно известување за сите граѓани кои скенираат фискални сметки!

– Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци...
spot_img