29.5 C
Shtip
spot_img

БУГАРСКАТА ВЛАДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ

Бугарската влада вчера поднесе оставка по масовните протести низ земјата. Премиерот Росен Жељазков донесе ваква одлука во пресрет на шестото гласање за доверба на владата во парламентот оваа година и само 20 дена пред земјата да се приклучи на еврозоната.

Стотици илјади луѓе се придружија на синоќешните протести, кои се одржаа во Софија и десетици други градови. Малцинската влада, која беше на власт од јануари годинава, се обвинуваше за широка корупција. Под притисок на јавноста, таа претходно го повлече предложениот буџет за 2026, прв изработен во евра.

„Го слушнавме гласот на граѓаните кои протестираа против владата. И млади и стари ја побараа нашата оставка. Оваа граѓанска енергија мора да биде поддржана и охрабрена“, кажа Жељазков.

Меѓу 50.000 и 100.000 луѓе излегоа на вчерашните протести во Софија, барајќи владата да си замине, а добија поддршка и од претседателот Румен Радев.

Бојко Борисов, поранешен премиер и лидер на владејачката партија ГЕРБ, вчера кажа дека партнерите во владејачката коалиција се согласиле да не поднесуваат оставка пред Бугарија да се приклучи на еврозоната на 1 јануари.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img