28.8 C
Shtip
spot_img

Биби и Боби, јунаците од „Светот на Биби“, ќе го добијат својот прв долгометражен анимиран филм

Проектот, насловен „Златната Пеперутка“, во режија на Гоце Цветановски, е селектиран за учество на реномираниот Анимациски форум за Централна и Источна Европа (CEE Animation Forum 2025), кој ќе се одржи во Плзењ, Чешка, од 4 до 6 ноември 2025 година.

CEE Animation Forum е водечка европска платформа за презентација, финансирање и копродукција на анимирани проекти. На 13-тото издание, од рекордни 199 пријави, „Златната Пеперутка“ееден од шесте долгометражни анимирани филмови, кои ќе се натпреваруваат за над 50.000 евра во парични и непарични награди, како и за учество на специјализирани тренинг програми, пазарни презентации и еден-на-еден средби со водечки европски продуценти, дистрибутери и телевизии.

Оваа селекција е уште едно признание за успехот на „Светот на Биби“, најпопуларниот детски бренд во Македонија со повеќе од 120 милиони прегледи на „Јутуб“ и ТВ прикажувања во шест држави во регионот.

„Златната Пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство, сместена во волшебна џунгла каде што нашите јунаци се соочуваат со предизвици, опасности – и важни животни избори.

„Голема чест ни е што сме дел од оваа силна селекција,“ вели режисерот Гоце Цветановски. „Златнaтa Пеперутка е повеќе од филм – тоа е приказна за одговорноста кон природата, но и за надежта дека преку уметноста можеме да ги поврземе различните култури. Веќе работиме со неколку меѓународни партнери, чии имиња наскоро ќе ги објавиме“.

Проектот ќе учествува во натпреварувачката програма на форумот, и е ко-продукција на Светот на Биби и продукциската компанија на Цветановски, Македонска Крепост.

Цветановски во моментов е актуелен со Јон Вардар против Галаксијата, првиот македонски долгометражен анимиран филм кој беше прикажан на дваесетина фестивали и сè уште патува низ светот, а со филмското деби „Бизнисот на задоволството“ освои 10 меѓународни награди.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img