По објавата дека на Македонија ѝ се заканува нова епидемија од морбили поради драстично намален опфат на вакцинација, јавноста остро реагираше. Илјадници негативни коментари преплавија социјалните мрежи, каде граѓаните отворено изразија сомнеж кон безбедноста и ефикасноста на вакцините.
Во 2024 година, опфатот со вакцинација против морбили беше дури понизок од претходната – 2023 година, што според надлежните претставува алармантен сигнал. Но, наместо да предизвика мобилизација, веста разбуди уште поголем недоверба.
Голем дел од родителите отворено одбиваат да ги вакцинираат своите деца, наведувајќи како причина лични искуства, недостиг на транспарентност, сомнежи за фармацевтската индустрија, но и недоволна доверба во институциите кои ја водат кампањата.
„Не ни објаснуваат ништо, само сакаат слепо да веруваме. Тоа веќе не поминува“, вели една мајка од Скопје во коментар на Facebook.
Здравствените власти најавуваат нови кампањи за подигнување на свеста, но пред нив стои сериозен предизвик – да ја вратат довербата на граѓаните во време кога јавната перцепција за вакцините е на најниско ниво.