15.5 C
Shtip
spot_img

Ана Костадиновска, пратечки вокал на ДНК, сведочеше за трагдијата во “Пулс”: „Паднав во стампедото, настана хаос, силен мирис што нè тераше на спиење“:

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денес продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК. 

Костадиновска раскажа дека трагедијата се случила за време на изведбата на песната „Што сака нека биде“, кога на рефренот се активирале прскалките.– Ја изведувавме песната „Што сака нека биде“ и на самиот рефрен се вклучија прскалките. Ништо не беше неочекувано, на истата песна секогаш се палат. Инстинктивно погледнав нагоре бидејќи почувствував топлина. Панчо повика да излеземе, но никој од нас не ја сфати сериозно ситуацијата. Се движевме споро кон излезот. Забележав врата десно од мене и ги повикав да излеземе од таа врата, но беше заклучена. Потоа излеговме по подолгиот пат, кога ситуацијата веќе ескалираше, рече Костадиновска.   

Во своето сведочење опиша и дека настанал хаос додека се обидувале да се спасат.– Паднав во стампедото, настана хаос. Се чувствуваше силен мирис што нè тераше на спиење. Ми помогна едно момче кое беше до мене и нè држеше будни. Ногата ми беше приклештена, имаше многу луѓе. Во еден момент се почувствува свеж воздух што ни даде надеж. Момчето над мене се помрдна за да ја извлечам ногата и така излегов, рече на сведочењето. 

Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во несреќата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. 

За трагедијата се обвинети повеќе од 30 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици и управители на локали, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедувањето и државни службеници.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img