7.6 C
Shtip
spot_img

Алармантно: На Македонија и недостасуваат најмалку 400 пожарникари во моментот!

Северна Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените норми, а се провлекува и проблемот со недостиг на опрема и возила. „Во моментот во земјата имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800“, вели извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Душица Перишиќ.

Според неа, законот е јасен – на 1.500 жители во Северна Македонија треба да има по еден пожарникар. „Тоа е првата и најголемата болка која што ја имаме во општините“, вели Перишиќ. 

„Ги жртвуваат животите со стара опрема и возила“

Исто така, дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема, а не постои ниту тренинг центар за  обука за новите и старите пожарникари. „Мора да видите каква разноликост постои во нашите противпожарни единици кои имаат возила од 50-та години, нешто што останало од стариот систем, кои ги поправаат и се трудат да направат со нив што поуспешна работа. Разни донаторски организации и амбасади се обидуваат да ни помогнат, кои ни даваат возила и опрема кои се со различен метрички систем“, вели таа.

Во однос на опремата за пожарникарите, секоја општина се обидува да се снајде на свој начин, да им обезбеди нови чизми, пожарникарски одела и се што ќе им треба за нивните акции. „Имаме многу лошо опремени пожарникари“, вели Перишиќ.

Сето ова го увиделе и странските амбасади и донаторските организации, коишто имале средба, на која учествувале и од ЗЕЛС. Перишиќ вели дека испратиле до сите 34 општини кои имаат свои противпожрани единици прашања за тоа што им недостига, а следниот состанок за координација е во септември.

„Сите треба да се организираме и да ја направиме оваа ситуација да биде подобра, бидејќи луѓето кои работат во противпожараните единици многу често ги жртвуваат своите животи, своето здравје обидувајќи се да не спасат сите нас“, рече Перишиќ на конференција за заштита на објекти од пожар што се одржа во Стопанската комора.

Предупредувања

Таа зборувајќи за големата трагедија во Кочани, рече дека првите, најодговорните, кои постапија на време и спасија ситуација да не се случи да има многу поголема несреќа биле протвпожарните единици на Кочани и на околните општини, кои веднаш помогнале. 

Во моментот имаме 34 единици за противпожарна заштита што се наоѓаат во 34 општини, но ги покриват сите 80 општини, вклучително и Град Скопје, како 81 посебна единица на локална самоуправа. 

Ваквите предупредувања доаѓаат во екот на летото, кога се најавуваат и екстремни жештини. Северна Македонија со години наназад се соочува со недостиг на кадар, опрема и обуки за справување со евентуални огнени стихии. 

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) во 2023 година покажа дека на противпожарните служби во Северна Македонија им недостигаат околу 340 пожарникари. Пожарите се гаснат со противпожарни возила коишто во просек се стари по 27 години, но има и градови каде пожарникарите со огнената стихија се борат со возила стари и над четири децении. Таква е ситуацијата во Валандово, каде што пожарите се гаснат со камион ТАМ од 1966 година, стар 57 години. 

Пожарикарите со години наназад водат битка за регулирање на нивниот статус, за повисоки плати и додатоци, соодветна опрема и заштита од ризиците со коишто се соочуваат секојдевно при извршувањето на работните задачи. Тие бараа исти бенефиции како војската и полицијата.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img