23.2 C
Shtip
spot_img

АЕРОДРОМОТ „ЧАНГИ“ ВО СИНГАПУР СО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР НА 10 КАТА Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ ПО 13-ТИ ПАТ

Aеродромот „Чанги“ во Сингапур го освои првото место како најдобар аеродром во светот по 13-ти пат според анкетата на „Скајтракс“. Тој е прогласен и за аеродром со најдобра храна и најдобри тоалети во светот.

Ова е еден од ректките аеродроми што се смета не само за станица, туку и за дестинација сама по себе. Има трговски центар на 10 ката, внатрешни градини, тематски парк со диносауруси, базен на покривот, кино и најголемиот затворен водопад во светот.

Сето ова помогна да се привлечат повеќе од 80 милиони луѓе на аеродромот минатата година. На патниците им е дозволено да ги остават своите торби до 48 часа однапред, што го олеснува уживањето во погодностите на „Чанги“ пред да заминат.

„Скајтракс“ анкетирал 565 патници од над 100 националности од светот. Речиси сите најдобри аеродроми се наоѓаат во Азија, Европа и Блискиот Исток, со единствени исклучоци како аеродромот во Мелбурн во Австралија и меѓународниот аеродром во Ванкувер во Канада кои се во првите 20.
На второто место е меѓународниот аеродром „Доха Хамад“ во Катар, „Токио Ханеда“ од Јапонија на третото, меѓународниот аеродром „Сеул Инчеон“ во Јужна Кореја е на четвртото место, а аеродромот „Токио Нарита“ во Јапонија на петтото.

Од европските аеродроми, „Шарл де Гол“ во Париз е на седмото место, „Фјумичино“ во Рим на осмото, Меѓународниот аеродром во Минхен на деветтото место, а аеродромот во Цирих на десеттото.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img