15.4 C
Shtip
spot_img

Што ќе се случи со вашето тело ако не пиете доволно вода?

Многу луѓе не консумираат доволно вода, а не се ни свесни за последиците што тоа ги има врз нивното здравје. Докторката Надира Авал објасни за што се работи.

Таа објасни дека најдобро е да пиете вода во текот на денот наместо да чекате додека не бидете жедни. Главоболките се ран знак за дехидрација.

„Како што телото дехидрира, производството на плунка се намалува, предизвикувајќи устата да се исуши. Усните исто така може да бидат суви и испукани“, изјави таа за британски Metro.

Кога телото не е доволно хидрирано, кожата станува помалку флексибилна. Авал рече дека постои едноставен тест за тургор на кожата каде што нежно ја штипкате и ослободувате кожата на задниот дел од раката.

„Ако кожата не се врати брзо во својата нормална положба и наместо тоа изгледа ‘затегнато’, тоа може да биде показател за дехидрација“, објасни таа.

Дехидрацијата, исто така, влијае на нивото на вашата енергија. Заморот е вообичаен знак за оваа состојба, но многу луѓе го игнорираат. Како што дехидрацијата станува поекстремна, симптомите стануваат потешки. Се јавува забрзано чукање на срцето, потешко дишење итн.

Во екстремни случаи на дехидрација, ранливите популации, вклучително и постарите и децата, треба да побараат лекарска помош. Авал ги советува мажите да пијат 3 литри вода дневно. Жените треба да пијат околу 2 литра вода секој ден.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img