22.5 C
Shtip
spot_img

Штип никогаш не заборава“: Градот им оддаде почит на загинатите во „Пулс“, се постави и камен темелник за изградба на спомен обележје

Вечерва, под тивкото ѕвездено небо и во атмосфера на длабока почит и сеќавање, кај малата фонтана на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип започна поставувањето на камен-темелникот за спомен-обележје посветено на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со овој чин, Штип испрати тивка, но силна порака дека памети и дека никогаш нема да заборави.

Градот вечерва им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во „Пулс“ во Кочани.

Семејствата на загинатите штипјани и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов го поставија и камен темелникот на спомен обележјето во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Спомен обележјето има пет гулаби кои се свртени кон ангел.

Ова место ќе прерасне во простор за сеќавање, почит и тивка мисла за нашите сограѓани Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов. Нивните имиња ќе бидат изгравирани како траен спомен, како сведоштво за животите што оставија неизбришлива трага во срцата на своите најблиски и на целиот град, порача градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img